Дали знаете дека можете да ги контролирате вашите соништа?

Дали знаете дека можете да ги контролирате вашите соништа?

Познато ви е она прекрасно чувство кога ќе се разбудите од совршен сон? Дали знаете дека можете да го повторите тој сон доколку сакате? Поимот луцидно сонување го подразбира моментот кога сте свесни дека сонувате и способни сте да го контролирате сонот. Звучи како научно фантастичен филм, но науката навистина го докажала постоењето на овој феномен. Успеавме да ве заинтересираме? Научете како да ги контролирате вашите соништа со помош на следниве неколку техники…

Дали знаете дека можете да ги контролирате вашите соништа?

Верувајте во вашите способности

Според психологот Диадри Берет од Универзитетот Харвард, најважното нешто што можете да го направите за да си ги зголемите шансите за луцидно сонување е да се потсетите дека навистина сакате да го сторите тоа пред да заспиете. Берет советува дека треба да си кажете „Вечер кога ќе сонувам, сакам да бидам свесен/на дека сонувам“. На тој начин ќе ја спречите вашата потсвест да ве убеди дека вашиот сон е реалност.

Потсетувајте се дека сте будни во текот на денот

За да сфатите дека сонувате додека сонувате, некои експерти советуваат дека треба да се потсетувате себеси дека сте будни додека сте будни. Ве збунивме? Со проверувањето дали сте будни во текот на денот на методичен начин, ќе почнете да го правите истото и додека сонувате. На пример, можете да прочитате нешто или да видите колку е часот, бидејќи буквите и бројките во соништата најчесто се нејасни. Други луѓе се потсетуваат дека се будни на тој начин што го вклучуваат и исклучуваат светлото. Ова лесно можете да го направите во реалноста, но во светот на соништата обично не функционира.

Водете дневник за соништа

Можеби ви звучи како нешто што го прават децата од основно училиште, но запишувањето на соништата ќе ви помогне полесно да ги паметите. Колку повеќе ќе можете да се сетите на вашите соништа, толку попознат ќе ви биде тој свет, па затоа ќе можете да го разликувате светот на соништата од вистинскиот свет. Освен тоа, на овој начин постојано ќе имате нешто интересно за читање кога ќе ви биде здодевно.

Стискајте снуз

Постојат докази дека поголеми се шансите да имате луциден сон доколку се разбудите за време на РЕМ фазата од спиењето и веднаш потоа повторно заспиете. Но, стандардното снуз на секои 10 минути веројатно нема да ви помогне, бидејќи тоа не е доволно време за да започнете нов сон. Дајте си време за да заспиете како што треба, на пример наместете два аларма на 30 минути, и можеби ќе се најдете во светот на вашите омилени соништа.

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте повеќе за луцидниот сон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар