Дали знаете дека доењето ви помага да ослабите?
Доењето на бебето е еден од периодите на мајчинството што бара голема посветеност, но неговите придобивки се повеќекратни, како за новороденчето, така и за мајката. Неодамнешните истражувања покажаа дека доењето има врска со обемот на половината на мајката.
Во едно истражување наречено „Последиците од бременоста и здравјето на заедницата“ направено од страна на Универзитетот во Питсбург и од Државниот универзитет во Мичиген во кое учествувале 700 жени, истражувачите ги следеле мајките од 7 до 15 години по породувањето.
Резултатите покажале дека мајките кои ги дојат своите деца повеќе од 6 месеци имаат потенок струк за околу 4 центиметри во споредба со оние на мајки кои престанале да дојат по шест месеци или дури и порано. Покрај тоа, мајките кои доеле подолго време имале помал обем на колковите.
Според истражувањето, производството на млеко за доење троши околу 500 дополнителни калории дневно.
Експертите откриле и дека мајките што ги дојат своите бебиња биле послаби од мајките што никогаш не доеле.
Прочитајте ги и останатите придобивки од мајчинството.