Дали вашиот партнер редовно вежба? Дознајте како влијае тоа на вашиот сексуален живот

Дали вашиот партнер редовно вежба? Дознајте како влијае тоа на вашиот сексуален живот

Физичката активност има многу здравствени придобивки за кои сите сме чуле: Подобар сон, повеќе енергија, подолг живот. Меѓутоа, најновите истражувања спроведени на Универзитетот во Северна Каролина откриваат дека мажите кои многу вежбаат имаат помал сексуален апетит од оние со поопуштени навики за вежбање.

Дали вашиот партнер редовно вежба? Дознајте како влијае тоа на вашиот сексуален живот

Во истражувањето учествувале 1.077 физички активни мажи кои требале детално да одговорат на прашањата колку често помислуваат на секс и имаат односи, како и колку често и со каков интензитет вежбаат. Тогаш истражувачите ги поделиле мажите во групи според навиките за вежбање, интензитетот на вежбите, нивната сексуална желба и возраст.

Резултатите биле јасни. Мажите кои вежбале најинтензивно и најдолго имале најмало сексуално либидо од сите други групи во истражувањето. Истражувачите немаат точно објаснување зошто е тоа така, бидејќи не ги одредиле можните причини и врски меѓу вежбањето и сексуалниот живот. Сепак, се претпоставува дека намаленото ниво на тестостерон по вежбањето и исцрпеноста се главните виновници.

Иако станува збор за мало истражување, експертите советуваат дека мажите кои имаат проблем со сексуалната желба треба да намалат со посетите на теретаната и да видат дали тоа ќе им помогне. Ако ништо друго, барем ќе имаат повеќе време за да „вежбаат“ меѓу чаршафите.

Доколку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, погледнете ги овие секс-вежби за затегнато тело и добра кондиција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар