Дали вашата желба за секс е нормална? Решето го овој тест и дознајте какво е вашето либидо и како тоа влијае на вашиот живот - Part 2

Дали вашата желба за секс е нормална? Решето го овој тест и дознајте какво е вашето либидо и како тоа влијае на вашиот живот

Дали вашата желба за секс е нормална? Решето го овој тест и дознајте какво е вашето либидо и како тоа влијае на вашиот живот

РЕЗУЛТАТИ:

Најмногу одговори под А: Честитки! Вие природно го имате она што го промовираат рекламите, порно-филмовите и музичките видеа. Да бидете во одлична физичка и ментална форма е тоа што ви треба за високо либидо. Немате хормонални или хемиски нарушувања и знаете што ве возбудува.

Совет: Ценете го вашето либидо додека го имате, но прифатете го фактот дека тоа ќе опаѓа како што
стареете.

Најмногу одговори под Б: Вашата сексуална енергија варира, а најчестата причина за тоа е хемиската или хормоналната нерамнотежа. Познато е дека алкохолот влијае врз либидото, но и некои лекови, како што се антидепресивите и таблетите за контрацепција, го имаат истиот ефект. Ако проблемот не е во лековите, тогаш веројатно е во комуникацијата. Ако вашиот сексуален живот има врска со расправиите за децата или за финансиските проблеми, нешто треба веднаш да се промени.

Совет: Прегрнете го партнерот кога ќе видите дека следува расправија. Иако во тој момент не ви е дојдено до прегратка, останете прегрнати барем половина минута за да се смирите и да можете да разговарате смирено.

Најмногу одговори под В: Во последно време сте преокупирани со други работи отколку со сексуалните желби. Во секоја врска е нормално желбата да дојде и да си оди, но тоа не треба да остане така засекогаш. Во животот полн со обврски, треба да најдете време за интимност. Обидете се повторно да се поврзете со вашето тело. Мирислива купка, еротска приказна или еротски филм може да ви помогнат да се опуштите.

Совет: Заедно со партнерот купете секс-играчки. Желбата да ја пробате новата играчка ќе ја разгори страста помеѓу вас.

Најмногу одговори под Г: Ако вашето либидо е многу ниско или воопшто го нема, веројатно имате некое заболување или вашата врска со партнерот не функционира. Добрата вест е дека тоа не мора да трае вечно. Единствениот проблем е како да му пристапите на партнерот на сексуален начин по толку време. За почеток, експертите советуваат да пробате со масажа.

Совет: Праќајте му пораки на вашиот партнер во текот на денот за тој да знае дека мислите на него. Испланирајте вечера што можеби ќе заврши со секс.

Прочитајте кои се 7-те изнендувачки причини за намалено либидо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар