Дали траумата може да предизвика губење на меморијата?
Губењето на меморијата може да биде непријатно, а понекогаш и застрашувачко искуство, особено доколку е предизвикано од траума. Истражувањата покажале дека постои врска помеѓу емоционалната, психолошката или физичката траума и меморијата. Еве за што конкретно станува збор.
Физичка траума и губење меморија
Станува збор за тешки повреди или физичка траума на телото што може да предизвика посттрауматско стресно нарушување кај некои луѓе. Тоа, пак, од друга страна, може да доведе до привремено губење на меморијата. Во тој случај губењето меморија претставува еден вид одбранбен механизам на пациентот се со цел полесно да се справи со трауматското искуство. Времетраењето на оваа фаза зависи од сериозноста на повредата.
Мозочна траума и губење меморија
Секоја форма на траума може да предизвика стрес кај поединците кој во некои случаи трае пократко, а во некои случаи подолго. Овој тип на траума е најчесто предизвикан од повреди на главата, па така стресот може да има негативно влијание врз различни области како хипокампусот, амигдалата и префронталниот кортекс. Овие области на мозокот се поврзани со когнитивната функција и меморијата.
Психолошка траума и губење меморија
Психолошката траума може исто така да влијае на меморијата. Повторно станува збор за еден вид одбранбен механизам на телото како заштита од негативните последици. Искуствата со насилство за време на детството, сексуалната злоупотреба и други психолошко-трауматски настани можат да доведат со дисоцијативна амнезија која им помага на децата да се справат полесно при што им дозволува привремено да заборават детали од настанот. Дисоцијативна амнезија е состојба при која човекот не може да се сети на важни настани или детали за својот живот.
Откако прочитавте за поврзаноста помеѓу траумата и меморијата, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те едноставни навики за подобрување на меморијата.
Извор: themindsjournal.com