Дали светата геометрија е клучна за просветлувањето?
Кои дезени и шеми што имаат симетрија и рамнотежа ги забележувате во животот и во светот? Кои се асиметрични и без рамнотежа? Забележувањето на дезените ни помага да градиме на нив ако се здрави, или да ги растураме ако се нездрави. Променувањето од асиметрија кон симетрија е процес на созревање и еволуција. Светата геометрија ни овозможува да размислиме додека се справуваме со животните предизвици барајќи рамнотежа и хармонија.
Што е света геометрија?
Светата геометрија вклучува свети универзални шеми и дезени употребени во дизајнот на сè што се наоѓа во нашата реалност. Најчесто ова се гледа во архитектурата, уметноста и природата. Основното верување е дека геометријата, математичките соодноси, хармонија и пропорцијата се наоѓаат и во музиката, светлината и космологијата. Ова е невидливиот дезен што го оживува физичкиот свет, исто како што се верува дека душата го оживува телото.
Формите, дезените и визуелните композиции имаат моќ да го привлечат нашиот поглед и да ја освојат нашата имагинација. Без разлика дали станува збор за неверојатно уметничко или природно дело, овие форми можат да бидат толку инспиративни што луѓето веднаш ги поврзуваат со натприродното или духовното. Под овие дезени се наоѓаат врски кои можат да бидат измерени, нумерирани, дуплирани и дефинирани. Оваа математичка, но езотерична димензија на набљудување, позната и како света геометрија, ќе ве просветли и ќе ве натера да го промените начинот на којшто го гледате светот.
Историја на светата геометријата
Најраните култури, вклучувајќи ги христијаните, хиндуистите, Грците и Египќаните го препознале постоењето на разни дезени или геометриски форми коишто се повторувале во природата. Тие исто така сфатиле дека има поврзаност помеѓу разните елементи кои се наоѓаат на земјата и небесата. Овие свети геометриски шеми биле отсликани од земјата и небото и древните култури верувале дека шемите постојат во сите делови на универзумот. Модерната наука докажала дека овие свети геометриски шеми се молекуларните форми што се основа на целиот живот.
Дали е навистина света?
Оваа тема е обемна и иако служи како духовна инспирација за некои, постојат многу математичари кои го презираат поврзувањето на геометриските форми со мистицизмот. Поради ова потребно е подетално објаснување за придавање значење на овие шеми и нивно поврзување со одредени духовни традиции. Самото набљудување и препознавање на овие визуелни врски во природата, заедно со нивното големо влијание врз уметноста, архитектурата и музиката се повеќе од доволно да ве фасцинираат.
Идејата броевите да се претстават во визуелна форма или преку музика е одличен пример за тоа како апстрактните нешта (броевите и формулите) можат да бидат отсликани во физичкиот свет. На овој начин математиката е навистина интересна наука која се движи помеѓу физичкото и нефизичкото.
Просторот помеѓу физичкото и нефизичкото најчесто е резервиран за уметноста или духовното. Поради ова е интересно што математичките формули ја прават поделбата. Ова е само една од причините зошто оваа геометрија е наречена „света“.
Продолжува на следната страница…