Дали сте знаеле дека играта Тетрис има крај? 25 интересни факти за кои сигурно не сте чуле досега

Дали сте знаеле дека играта Тетрис има крај? 25 интересни факти за кои сигурно не сте чуле досега

Колку повеќе дознавате, толку повеќе прашалници ќе ви се појавуваат во главата. Светот е полн со неверојатни нешта кои чекаат да бидат забележани и откриени, само треба добро да ги отворите очите и да бидете љубопитни. Во продолжение, прочитајте ги следниве 25 факти кои нема да ви се верува дека се вистинити…

Дали сте знаеле дека играта Тетрис има крај? 25 интересни факти за кои сигурно не сте чуле досега

1. Физичар кој истражува атоми е всушност група атоми која се истражува самата себеси.

2. Во месеците кои почнуваат во недела, секогаш има петок 13-ти.

3. Питите и пиците ги јадеме однатре нанадвор.

Дали сте знаеле дека играта Тетрис има крај? 25 интересни факти за кои сигурно не сте чуле досега

4. Вселената не е празна и безживотна, баш напротив, таа содржи сѐ!

5. За нашите стомаци, сите видови компири се пире.

6. За да пробие смартфон кој е заклучен со отпечаток од прст, хакерот сѐ што треба да направи е да ја искористи задната маска на телефонот.

Дали сте знаеле дека играта Тетрис има крај? 25 интересни факти за кои сигурно не сте чуле досега

7. Сурфањето е задолжителен училиштен предмет на Хаваите.

8. Кога човечкото око би било фотоапарат, неговата резолуција би изнесувала околу 576 мегапиксели.

9. Ова е фотографија од светски познатото куче Хачико.

Дали сте знаеле дека играта Тетрис има крај? 25 интересни факти за кои сигурно не сте чуле досега

10. Сѐ додека не наполнат 6-7 месеци, бебињата можат да дишат и голтаат истовремено. Возрасните не можат да го прават тоа.

11. Летото на Нептун е 40 години долго, но температурата таму изнесува -210 степени Целзиусови.

12. Ова е фотографија од ледениот брег во кој удрил бродот Титаник.

Дали сте знаеле дека играта Тетрис има крај? 25 интересни факти за кои сигурно не сте чуле досега

13. Мистериозните сигнали кои биле забележани од телескоп во Австралија и ги оставиле збунети астрономите цели 17 години, всушност биле емитирани од нивната микробранова печка.

14. Ако доживеете 70 години, тоа значи дека ќе имате преживеано точно 10 години составени само од понеделници.

15. Вака изгледа вулканска ерупција од вселената:

Дали сте знаеле дека играта Тетрис има крај? 25 интересни факти за кои сигурно не сте чуле досега

16. Земјата е помазна од топка за куглање. Високите планини и океански длабочини зафаќаат само 1/5.000 од Земјината сфера.

17. Дупката во озонскиот слој се намалува.

18. Во Јапонија постои еден нов екстремен спорт: Банзаи параглајдерство. Луѓето летаат со авион додека не достигнат височина од 2.800 метри, потоа фрлаат падобран и по 2 секунди скокаат од авионот. Целта е да го фатат падобранот додека паѓаат!

Дали сте знаеле дека играта Тетрис има крај? 25 интересни факти за кои сигурно не сте чуле досега

19. Од сите живи суштества на планетата Земја, само луѓето трошат пари за да живеат.

20. Кожата ви се ежи кога слушате добра песна како резултат на зголеменото лачење на допамин што се случува поради исчекувањето на омилениот дел од песната.

21. Ангелските водопади се највисоките водопади во светот и се наоѓаат во Венецуела. Нивната вкупна висина изнесува 979 метри.

Дали сте знаеле дека играта Тетрис има крај? 25 интересни факти за кои сигурно не сте чуле досега

22. Учениците од Шведска добиваат 170 евра џепарлак за да одат на училиште.

23. Во 1962 година се појавила епидемија на смеење во Танзанија. Повеќе од 1.000 луѓе ја изгубиле контролата врз смеењето и тоа траело цели 18 месеци.

24. Класичната паста за заби има линии во три бои: Бела (супстанца што го чисти забниот камен), сина или зелена (антибактериски гел) и црвена (супстанца што го одржува здравјето на непцата).

25. Играта Тетрис има крај.

Дали сте знаеле дека играта Тетрис има крај? 25 интересни факти за кои сигурно не сте чуле досега

Доколку вашата љубопитност не е задоволена, прочитајте ги овие интересни факти кои ќе ве насмеат и изненадат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар