Дали сте задоволни од вашиот сексуален живот?
Ајде да разговараме за секс. Не бидете срамежливи, ние веќе ги добивме одговорите на сите прашања. „Yahoo! Shine“ и „Fitness Magazine“ направиле истражување во кое учествувале преку 1.000 возрасни испитаници за да дознаат што придонесува за нивното сексуално возбудување, така што навлегле во најинтимните детали од нивните љубовни животи. Продолжете со читање, знаеме дека сте љубoпитни…
Најсигурниот пат до водење љубов и кај мажите и кај жените е преку вечера и шише вино. Околу 24% од мажите и 26% од жените одговориле дека ова е магичната комбинација за разгорување на нивните страсти. Кај помладите мажи и жени (18-34 години) слично влијание има и СМС-порака или имејл со секси содржина (22% во споредба со само 12% од нивните постари двојници). И скоро половина од сите возрасни (50% од мажите и 43% од жените) имале барем еднаш „жешки разговори“ преку телефон за да ги „загреат“ работите.
Мала помош за мажите: најдобриот пат да направите вашата девојка да се чувствува секси е да и кажете „Те сакам.“ Скоро половина од жените (42%) велат дека на тој начин нивното либидо најбрзо се зголемува. Двојно помал е бројот на жените кои одговориле дека овој ефект го има реченицата „Жешка си“ (25%).
Дали некогаш сте се запрашувале дали другите луѓе имаат повеќе секс од вас? Одговорот зависи од тоа дали сте венчани или „официјално“ слободни. Паровите кои се венчани или живеат заедно во просек имаат секс околу 2,4 пат неделно, за разлика од оние кои се слободни (не живеат заедно), велат дека се многу зафатени на тоа поле – во просек околу 5,3 пати неделно.
Добрите вести за паровите се дека 38% од нив фантазираат за нивниот партнер додека пак, 19% фантазираат за колега и 8% за сопругот/сопругата на нивните пријатели. Лошите вести за оваа тема се дека 38% исто така фантазираат и за одредена позната личност.
Што се однесува до должината на сексуалниот однос, интересно е што жените велат дека во просек трае околу 39 минути од предиграта до големото „О“ додека пак мажите велат дека трае околу 45 минути. Мислите дека само се надеваат на тоа? Мажите исто така сакаат да поминуваат повеќе време „под чаршафите“ отколку жените: 53% од мажите се задоволни со должината на времетраењето на односот, во споредба со 65% од жените.
Значително повеќе мажи би одбрале секс доколку добијат еден час повеќе во денот. 46% од мажите велат дека токму тоа би го направиле во овој дополнителен час, за разлика од жените (24%). Всушност поголем број жени (26%) би сакале повеќе да спијат отколку да имаат сексуален однос. Можеби тоа е затоа што нивните партнери ги одржувале будни до доцните вечерни часови со многу добар секс? Се надеваме дека е така…