Дали сте сигурни дека сакате да ја бојадисате косата?
Кога секојдневно ги гледаме холивудските ѕвезди како од ден во ден ја менуваат бојата на косата, како и бројните инспиративни фотографии на социјалните мрежи, тешко е да одолееме на искушението и ние да не ја бојадисаме нашата. Сепак, постојат 10 работи кои мора да ги разгледате пред да се одлучите на еден таков голем чекор.
1. Мора да знаете што сакате
Кај вашиот фризер понесете барем една фотографија од фризурата која ја посакувате, бидејќи не можете да се потпрете само на вашите опис и визија. Исто така, бидете сигурни дека фотографијата која ја покажувате не е „провлечена“ во некој од популарните филтри.
2. Бидете флексибилни
Важно е да немате преголеми очекувања. Всушност, бојадисувањето на косата не е егзактна наука и резултатот зависи од многубројни фактори, како што се вашата природна боја на коса, интензитетот на пигментите и фактот дали некогаш досега сте поминале низ овој процес. Многу е веројатно дека ќе мора да одите на неколку третмани додека не го постигнете посакуваниот резултат.
3. Претходните третмани се важни
На вашиот фризер задолжително треба да му кажете за сите евентуални хемиски третмани кои сте ги направиле на косата во минатото, како и дали сте се фарбале во домашни услови. Вашата коса го „памти“ сето она што ѝ е направено.
4. Добро размислите
Колку сте спремни да ѝ се посветите на новата боја на коса? Односно, некои нијанси бараат поголемо внимание, како што е на пример, црвената боја која мора често да се обновува поради брзото испарување.
5. Бојата ја менува текстурата на влакната
Доколку се фарбате во нијанса која е потемна од вашата природна боја на коса, таа ќе стане посвилена, додека посветлата боја ќе ја направи побујна. Доколку ја сакате својата природна текстура, добро размислите пред да го направите следниот чекор бидејќи тоа би можело да влијае на нејзиниот изглед.
6. Ќе ви бидат потребни нови производи
На пазарот денес постојат многубројни производи кои се посветени на бојадисаната коса и кои не ја оштетуваат нејзината боја. Затоа, бидете сигурни дека потоа ќе ви биде потребен нов шампон, балсам, но и некоја хранлива маска за коса.
7. Започнете од прамените
Добар начин за експериментирање со менувањето боја на косата е најпрво да се одлучите за мали чекори – извлекување на прамени. На тој начин полесно ќе процените дали одредена боја одговара на вашиот тен, бојата на очите, па дури и вашиот карактер!
8. Испробајте перики
Уште еден начин да го тестирате вашиот нов изглед е, барем дома, да носите перика во боја приближна на онаа во која сакате да се фарбате. Тоа е забавен начин на кој можете да проверите како би ви стоела новата, необична фризура.
9. Немојте да претерувате
Премногу интензивното бланширање може да ја оштети косата, ако ги прашате светски познатите фризери. Правете значајни паузи помеѓу две бојадисувања, а доколку го правите тоа дома, избирајте производи без амонијак.
10. Силните бои бараат труд
Доколку размислувате за бојадисување на косата во некоја од популарните силни бои, тогаш добро размислите. Односно, секоја од таквите бои со секое миење сѐ повеќе избледува, а маснотијата доста доаѓа до израз, т.е. ќе се најдете во своевиден „магичен круг“.