Дали сте се запрашале?
Кога бевме мали се прашувавме многу работи за кои ни недостасуваше одговор. Родителите ни одговараа на секој изблик на љубопитност, но потоа во еден момент едноставно престануваме да се прашуваме за неважните работи. Следниве 20 прашања не се важни, но сепак дали некогаш сте се запрашале…
1. Зошто сонцето ни ја осветлува косата, но ни ја потемнува кожата?
2. Зошто жените не можат да ставаат маскара со затворена уста?
3. Зошто тостерите имаат подесување за толку висока температура која би го изгорела лепчето до степен што ниедно човечко суштество не би го јадело?
4. Зошто има светло во фрижидерот, но не и во замрзнувачот?
5. Зошто никогаш не сте наишле на наслов во весник „Видовит човек доби на лотарија“?
6. Зошто мора да кликнете на „Start“ за да го сопрете Windows?
7. Зошто не постои храна за мачки со вкус на глувци?
8. Кој ја пробува кучешката храна кога велат дека таа сега има „нов и подобрен вкус“?
9. Зошто луѓето покажуваат на рачниот зглоб кога прашуваат колку е саат, но не покажуваат на бешиката кога бараат тоалет?
10. Зошто Шиљо стои исправено, а Плутон на 4 нозе кога и двајцата се кучиња?
11. Зошто ја стерилизираат иглата за смртоносната инјекција?
12. Зошто овците не се смалуваат кога врне?
13. Кој бил првиот човек кој погледнал крава и си рекол: ќе ги исцедам овие розови виснати нешта и ќе испијам што и да е тоа што ќе излезе од нив?
14. Ако луѓето еволуирале од мајмуни зошто сѐ уште постојат мајмуни?
15. Дали слепите луѓе гледаат во сон?
16. Зошто пиците кои се округли се пакуваат во коцкести кутии?
17. Зошто луѓето често велат „спиев ко бебе“, кога бебињата се будат на секои 2 часа?
18. Кога после смртта одиме во рајот, дали цело време ќе ја носиме облеката во која нѐ закопале?
19. Зошто притискаме посилно на копчињата на далечинското кога знаеме дека батериите се слаби?
20. Зошто лепакот не се залепува за тубата?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
20 – затоа што лепакот се суши кога ќе се сврзе со кислород.
Ne jadi gomna
1.prisustvo na melanin 2.nerven sklop (jas mozam)3. zasto da stavas limitacija na temperatura koga moze i drugi raboti na toster osven obicno lepce…plus dali ke izgori e funkcija i od vreme na samo temp…kolku se common sense zdrav razum i lesni prasanjava, sto vi e…za site imam odgovor, prasajte samo… a tij sto iskomentiral “Jaajaj” nisko IQ, losi maniri i pretpostavuvam los kvalitet na zivot