Дали сте родени за успех?
Сите луѓе сонуваат дека еден ден ќе станат многу успешни, но колку од нив навистина ги остваруваат овие соништа? Често се јавуваат изговори како: „…И потоа животот се случи“ или „Не можев повеќе да ги поднесам одбивањата.“ Но, вие не сте такви. Вие сте уверени дека ги поседувате сите неопходни квалитети и дека сте на вистинскиот пат кон успехот. Па, дали сте родени за успех?
Имате сон
Која е вашата визија? Што сакате да постигнете? На што се надевате? Бидејќи имате сон, вие веќе сте на вистинскиот пат кон успехот. Едноставно не можете да го започнете патувањето доколку претходно немате цел. Според Волд Дизни, „Тоа што можете да го сонувате, можете и да го остварите.“
Имате мапа од патот, но спремни сте и да скршнете од него
Велат дека успехот е местото каде што добрата подготвеност се сретнува со добрата шанса. Токму затоа и кога вам ќе ви се укаже шанса, вие веќе имате направен план. Едноставно мора да знаете што е тоа што треба да го направите и кои вештини ви се потребни со цел да стигнете до својата цел. Но, нештата не секогаш се одвиваат според планот, па затоа мора да бидете подготвени и да се прилагодите на сите оние препреки кои ќе ви се појават на овој пат. Тие можат да ги нарушат вашите соништа, но нема целосно да ги уништат доколку знаете дека постои повеќе од еден пат кој води до вашата цел.
Поседувате огромна љубопитност
Сигурно сте фасцинирани од сè што ја сочинува вашата цел. Вие мора да имате желба да научите сè за индустријата, луѓето и културата кои ја окружуваат за да успеете. Мора да умеете да ги разберете проблемите и да бидете возбудени за наоѓањето различни решенија. Мора да бидете страсни за сите аспекти од оваа цел.
Понекогаш сте малку арогантни
Доколку навистина сакате да успеете, мора да имате доволно висока самодоверба и да верувате во себе и вашите способности. Без самодовербата, дури и најмалите критики можат лесно да ве скршат. Во оној момент кога самите себеси ќе се ставите во прв план, ниту една критика нема да може да допре до вас, без разлика колку застрашувачко може да звучи.
Сфаќате дека неуспехот е само уште една препрека на патот кон успехот
Откажувањето не е збор кој би требало лесно да го користите. Доколку некој успеал, тоа не значи и дека ниту еднаш не паднал, туку дека бил упорен и не се откажал од своите соништа. Мајкл Џордан вели: „Во мојот живот имав неуспех по неуспех и токму тоа беше причината за мојот успех.“ Исто како и него, така и вие не треба да гледате на препреките како на неуспех, туку како шанса да научите вредна лекција која побрзо ќе ве одведе до остварувањето на вашата цел.