Дали сте психопат? Одговорете на ова едноставно прашање и откријте...

Дали сте психопат? Одговорете на ова едноставно прашање и откријте…

Кај одредени личности емоциите како каењето и емпатијата можат да недостасуваат. Бидејќи чувствуваат само површни емоции, психопатите во екстремни случаи воопшто не се грижат ни дали се живи или мртви. Но, и покрај тоа што најчесто ги замислуваме како убијци и чудаци, психологот Роберт Д. Хејрс го посветил целиот свој живот на нивното проучување и тврди дека некој од вашите пријатели, колеги, па дури и партнер може да биде еден од нив.

Дали сте психопат? Одговорете на ова едноставно прашање и откријте...

Криминалниот психолог и професор нагласува дека кај овие поединци не постојат емоции како каење или емпатија. И покрај тоа што само мал број од нив се насилни криминалци, повеќето успешно го живеат својот живот на добрата страна од законот. Па, доколку сакате да откриете дали имате менталитет кој е сличен на сериски убиец, тогаш решете го следниов психолошки тест кој голем број психолози го користеле во пракса. Скоро сите уапсени сериски убијци кои учествувале во овој тест точно одговориле на прашањето…

Пред да почнете со тестот, имајте на ум дека одговорот кој ги загрижува психолозите го даваат многу мал број луѓе. Прочитајте ја следнава приказна и добро размислете пред да одговорите…

Една жена, која била на погреб на својата мајка, забележала еден маж кој никогаш претходно го немала видено. Првото нешто што ѝ паднало на памет било дека тој изгледа фантастично. Исто како мажот од нејзините соништа. Во следните неколку моменти сфатила дека тоа навистина е мажот од нејзините соништа. Тогаш таа и се заљубила во него, но не се осмелила да го побара неговиот број. Неколку денови подоцна, таа ја убила својата сестра

Прашањето е: Кој е мотивот на оваа жена за да ја убие својата сестра?

  • Одговор:

    Жената се надевала дека истиот човек повторно ќе се појави на погребот!

Доколку сте одговориле на ова прашање точно, тогаш вие размислувате како психопат. Сепак имајте на ум дека одредени луѓе ги исполнуваат сите критериуми за психопати, но не доволно за да можат да предизвикаат проблем. Често пати станува збор за наши пријатели во чие друштво може да ни биде многу забавно. Исто така, психологот Хејрс тврди дека понекогаш одредени психопатски особини можат да бидат и доблести, не мора секогаш да значи дека тие ќе бидат маани. Особено во професионалниот живот. Но, ако не сте одговориле точно на ова прашање можете слободно да се опуштите – добро е што не сте го направиле тоа…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар