Дали се паметните телефони – цигари на модерното време?
Живееме во ера во која мобилните телефони ги нарушија социјалните односи. Но, уште позастрашувачки е фактот дека тие влијаат и на здравјето. Од познатите личности до бебињата – сите се навистина навлечени…
Во последно време, на социјалните мрежи се појавија слики од разни кафулиња, кои им кажуваат на своите гости дека немаат „wi-fi“ и дека наместо на телефон, треба да поминуваат повеќе време со пријателите. Тоа е одлична кампања што може да нè привлече сите нас кон прифаќање на зависноста од мобилните телефони, која скоро незабележливо, нè втурна во имагинарниот свет на Интернетот, каде нема простор за топол човечки збор.
Признајте си колку пати ви се случило да излезете со пријателите и наместо да ги раскажувате настаните од претходната вечер, да гледате во вашиот телефон сè додека не сфатите дека не сте проговориле ниту збор цели 15 минути? Уште поглупава е ситуацијата во која додека водите сериозен разговор со вашето момче, тоа несвесно игнорирајќи ве, објавува статус на Твитер. Пристапноста до Интернет го забрза човековиот развој, но нè оддалечи нас како луѓе.
Номофобија
Според некои истражувања, просечниот корисник на мобилен телефон го проверува екранот на секои 5 минути – до 200 пати на ден. За 24 часа добиваме до 22 повици и 25 пораки, додека часовникот го проверуваме 20 пати. Пристапот до Интернет е почест, така што корисниците ги користат социјалните медиуми во просек до четири часа на ден. Повеќето, веднаш штом ќе ги отворат очите, прво ги проверуваат нивните телефони, а мобилниот е и последното нешто што го гледаме пред спиење.
Во 40% од случаите, сопружниците попрво би му посакале добра ноќ на овој „прекрасен“ мал апарат, отколку на партнерот. Со одредени истражувања во САД се дошло до сознание дека зависноста од мобилни телефони може да ги уништи блиските односи меѓу луѓето, па дури и кариерите. Страшно е, зарем не?
Ситуацијата е толку алармантна што научниците смислиле и болест наречена номофобија која ја опишува состојбата кога луѓето ќе се најдат во ситуација да бидат без својот мобилен телефон – слична на некое сериозно нарушување или загуба. Номофобијата е чувство на страв и загуба. Симптомите се паничност, вознемиреност, топлотен удар, нервоза и тага.
Внимавајте, опасно е!
И не е само тоа во прашање… Ако сето горенаведено не ве натера повторно да размислите за времето што го поминувате со луѓето, подгответе се за последниот и најсилен „судир“ со вистината.
Светската здравствена организација предупреди дека мобилните телефони најверојатно се канцерогени. Со други зборови – невидливите бранови со кои тие функционираат може да предизвикаат карцином. Американските епидемиолози ги споредиле паметните телефони со цигарите кои датираат од 1970-тите години кога се сметале за „здрава занимација“. Ако ги истражите состојбите од тоа време, ќе наидете на реклами кои препорачуваат цигари како одличен лек за бронхитис и респираторни проблеми, а производителите се тркале за да го докажат позитивниот ефект на никотинот. Сите овие теории „паднаа во вода“ оваа деценија, а денес, на секоја кутија цигари, нè информираат за сите несакани ефекти. Тогаш, дали мобилниот, во некоја идна ера на човештвото, ќе ја има истата судбина? И дали денес паметните телефони се тоа што некогаш биле цигарите? Одговорот е секако да.
Нашите дедовци во нивно време не ги испуштаа цигарите од рака, а ние денес не ги испуштаме телефоните.
Спасете се
- Користете ги звучникот и „hands free“ уредите колку што можете повеќе.
- Чувајте го телефонот на 80 см оддалеченост од вашето тело.
- Ниту случајно не спијте со вашиот мобилен телефон во близина.
- Испраќајте СМС пораки наместо да остварувате телефонски повици.
- Кога сигналот е лош, исклучете го телефонот. Во тој момент, се испуштаат двојно повеќе лоши бранови.
- Обидете се да користите производи што го намалуваат зрачењето.
- Ако децата играат на вашиот телефон, вклучете ја опцијата за авионски режим и заштитете ги од штетно зрачење.
Можеби сакате да прочитате и дека според едно ново истражување марихуаната ја менува структурата на срцето.