Дали се издвојувате од другите? Дознајте тука!

Дали се издвојувате од другите? Дознајте тука!

Сите сакаат да мислат дека се необични, уникатни или посебни, но повеќето од нив се убедени дека ништо не ги одделува од другите. Тие мислат дека се сосема обични и нормални луѓе, слични или исти како сите останати во светот. Со оглед на тоа што има над седум милијарди луѓе на светот, сосема е нормално да се дојде до овој заклучок. Но, реалноста е сосема различна. Па, доколку сакате да дознаете дали се издвојувате од другите, пробајте да се најдете во следниве индикатори на необичност.

1. Не можете да го свиткате јазикот? Иако спротивното делува поверојатно, помеѓу 65 и 85% од луѓето ја поседуваат оваа способност. Ако вие не можете да го направите тоа, тогаш сте дел од малцинството.

2. Природни црвенокоси сте? Честитки! Тоа значи дека припаѓате на 0,5% од светската популација.

3. Сè уште ги имате вашите умници? И ова ве прави дел од малцинството, бидејќи 70% од возрасните во светот ги имаат извадено своите осмици поради здравствени или други видови проблеми.

4. Леваци сте? Одлично. Само 15% од светската популација ја има оваа привилегија. Дури и во ситуацијата кога двајцата родители се леваци, нивното дете има само 25% шанса да ја наследи оваа карактеристика.

5. Не сте во брак? Верувале или не, само 20% од возрасните луѓе ширум светот не се во брак. Ако припаѓате во оваа категорија, тогаш дефинитивно се издвојувате.

6. Родени сте во февруари? Да, навистина најмалку луѓе ширум светот се родени во февруари. Од друга страна пак, најмногу деца се раѓаат во август и септември.

7. Пиете млеко? Вие сте навистина ретки! Дури 75% од возрасните луѓе во светот не можат да уживаат во млечни производи, најмногу поради интолеранцијата на лактоза.

Погледнете го и видеото за подетални информации…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар