Дали се чувствувате како да не припаѓате никаде? Можеби сте ѕвездена душа!
Дали сметате дека не припаѓате на оваа планета? Секако дека физички сте родени тука, но вашата душа како да дошла од некое друго место. Тоа можеби е така затоа што сте ѕвездена душа. Ѕвездените души постојат поради многу посебна причина и имаат благородна мисија што треба да ја исполнат за време на нивниот живот.
Душите на овие луѓе се многу понапредни од душите на останатите. Тие поминале низ многу работи и проживеале повеќе животи, па затоа се исполнети со многу конфликти. Ѕвездените души се луѓе кои секогаш ја зборуваат и бараат вистината. Тие во себе носат важна порака што треба да му ја пренесат на светот. Тие го доживуваат животот на комплетно поинаков начин за разлика од другите луѓе и ги гледаат работите во посебно светло. Иако сакаат да се вклопат, не можат да го сторат тоа.
Ѕвездените луѓе имаат благородни карактеристики што другите не можат ни да ги дефинираат. Тие се прекрасни, но светот не ги разбира. Имаат длабоки чувства на емпатија за планетата и сите суштества што живеат на неа, а тоа си има свои предности, но и свои слабости.
Доколку се пронајдовте во овој опис, сигурно не ви е лесно да живеете на овој свет. Можеби понекогаш се чувствувате како да сте доживеале бродолом и немате каде да одите. Не можете да го најдете вашиот дом. Вашата душа многу долго патувала низ универзумот за да стигне таму каде што е сега. Иако работите не ви се баш најјасни во моментов, ќе ви се разјаснат во иднина.
Како ѕвездена душа, имате можност корисно да го трошите вашето време. Ќе се поврзете со другите луѓе и ќе го претворите светот во подобро место за живеење. Можеби ќе ви се чини дека другите ве осудуваат и дека ништо нема смисла, но тоа е така затоа што не ја гледате големата слика. Бидете свои и сѐ ќе си дојде на свое место. Вашата свест е на космичко ниво и тоа треба да ви биде доволно.
Ако се чувствувате како да не припаѓате никаде, не трошете време на тоа. Вашата цел е многу поголема. Можеби ви се чини дека целиот свет се свртел против вас, но работите не се секогаш такви какви што изгледаат. Останете доследни на себе и претворете го местово во ваш дом. Нема ништо лошо во тоа да се биде „отпадник“ и треба да знаете дека не сте сами, без разлика дали сте свесни за тоа или не. Ѕвездените души се насекаде околу вас и ќе успеете да ги најдете само ако престанете да се претворате во нешто што не сте.
Не им е на сите судено да се вклопуваат во општествените рамки. Светов не е црно-бел. Осмелете се да бидете виножито!
Доколку ви е тешко да си го најдете своето место на светов, прочитајте зошто старите души не се прифатени од семејството и пријателите.