Дали работењето од дома е подобро од работење во канцеларија?
Замислете личност која работи од дома. Сигурно првото нешто што ви паѓа на ум е некој што носи пижами и што гледа видеа на својот лаптоп. Ако сте го помислиле ова, не сте единствените.
„Многумина мислат дека работењето од дома е одложување од дома“, изјавил Николас Блум, професор по економија на Универзитетот Стенфорд.
Но Блум помислил дека работењето од дома вклучува многу повеќе нешта од гледање серии цел ден. Професорот работел од дома за својата претходна работа и сфатил дека тој тренд станува сè попознат. Тој пронашол и неколку истражувања на оваа тема.
„Сè што пронајдов беше многу позитивно за работењето од дома. Покрај тоа, ова не е лесна тема за истражување. Потребно е постојано набљудување и доволно испитаници за да се исполнат групите, а испитаниците треба да се согласат да работат на истражувањето подолг период. Можеби ќе се најде компанија чии работници ќе се согласат со ова.“
За среќа, Блум познавал некој кој имал пристап до критичните елементи. На едно од неговите продавања доаѓал Џејмс Лианг, кој ја има најголемата агенција за патување во Кина со околу 16.000 вработени.
„Еден ден додека разговарав со Џејмс тој спомна дека неговата компанија била заинтересирана да им дозволи на вработените во Шангај да работат од дома.“
Канцеларискиот простор во огромниот кинески град е скап, па компанијата очекувала високи сметки, најмногу бидејќи вработените требало долго да патуваат до работното место. Компанијата сепак се двоумела за оваа драстична промена.
Блум и Лианг направиле контролирана проба за да го тестираат овој принцип на работа. Повеќе од 500 вработени од компанијата волонтирале, и речиси половина од нив ги исполнувале условите за квалификација. Некои од условите биле да имаат приватна соба дома која ќе ја користат за работа, да бидат вработени во компанијата најмалку 6 месеци и да имаат добра Интернет конекција. Луѓето кои имале роденден на парен датум работеле 4 дена неделно, а оние со непарен останале во канцелариите како група за контрола.
Дали вработените би можеле да одолеат на 3-те најголеми замки во домот – креветот, телевизорот и фрижидерот? Она што најмногу ги загрижувало менаџерите е тоа што вработените биле многу млади и би биле посклони кон одвлекување на вниманието ако не се под надзор. Целото истражување траело 9 месеци.
Кога ги добиле резултатите, и Блум и Лианг биле счудоневидени.
„Ова беше неверојатно. Компанијата заштеди 1.900 долари од вработен во текот на истражувањето, и тоа на трошоци за канцеларии. Ова беше очекувано. Она што навистина нè изненади е тоа што вработените не само што редовно си ја вршеа работата, туку нивната продуктивност беше зголемена за 13,5%, за разлика од оние кои работеа во канцеларија. Тоа е како секој вработен да работел уште еден ден повеќе.“
Вработените кои работеле од дома исто така земале пократки паузи, поретко се разболувале и поретко ги користеле одморите.
Придобивките не вклучувале само продуктивност – оние кои работеле од дома биле многу позадоволни со работата. Но, половина од волонтерите изјавиле дека се чувствувале изолирани. Исто така, многумина сметале дека не биле доволно сами. Оние кои живееле со родителите биле подготвени да се вратат во канцеларијата.
Заклучокот е дека компаниите ќе добијат многу повеќе ако им дозволуваат на вработените да работат од дома.
„Мојот совет е да пробаат неколку начини за да го остварат ова“, изјавил Блум
Може да се работи од дома кога времето е лошо, или пак во летните месеци кога децата на вработените не одат на училиште. Работењето од дома може да биде дел од унапредувањето или пак, како еден вид бонус. Ако се намалува продуктивноста кај вработениот, тој секогаш ќе може да се врати во канцеларијата.
Еден или два дена неделно е идеално за работење од дома. Бидејќи компаниите секогаш сакаат да ги имаат најдобрите работници, работењето од дома може да звучи уште попримамливо на понудата за работа.
„Потребата да се оди 5 дена на работното место се појавила кога луѓето требало да одат во фабрика и да произведуваат нешто. Но, компаниите кои сè уште ги третираат вработени на тој начин губат многу“, изјавил Блум.
Погледнете ги и чудните вистини кои им се познати само на луѓето кои работат од дома.