Дали претпочитате парни или непарни броеви? Дознајте што се крие зад вашиот избор!
Дали некогаш сте се запрашале зошто кога го повишувате тонот на телевизорот, гласот мора да биде на некој парен број, а не на 73, на пример? Многумина мислат дека ова е безначајна опсесивно-компулсивна навика, но вистината е дека нашата емоционална приврзаност со одредени бројки не е толку необична. Со други зборови, доколку сте човек кој претпочита парни броеви, не сте сами! Сите луѓе имаат субјективно сфаќање за овие објективни симболи и нашите нумеролошки преференции може да влијаат на сите делови од нашиот живот, од производите што ги купуваме па сѐ до хотелската соба што ќе ја одбереме.
Математичарот Алекс Белос ги проучувал карактерните особини што природно ги покажуваме преку изборот на броевите и нивните аритметички карактеристики. Дури и да не сте големи љубители на математиката, сигурно имате силни чувства кон одредени броеви. Некои броеви едноставно ни помагаат да се чувствуваме подобро.
„Земете го бројот 10 за пример. Имаме 10 прсти на рацете и има 10 цифри во нашиот броен систем. Бројот 10 не е воопшто контроверзен, лесен е за разбирање, тој ни е пријател. Сѐ е во ред со бројот 10“, напишал Белос.
Некои истражувања покажале дека производите кои содржат парен број во името се попривлечни за потрошувачите за разлика од оние со непарен број во името. Се смета дека причината за ова е тоа што полесно ни е да ги разбереме парните броеви. Попознати ни се, почесто се појавуваат во таблицата за множење што ја учиме како деца и полесно ни е да ги користиме во секојдневието што ни дава чувство на леснотија и задоволство. Освен тоа, нумеролошките преференции зависат и од деливоста на бројот.
Непарните броеви, особено примарните, претставуваат поголем предизвик и на нашите мозоци им треба повеќе време за да ги процесираат. Не само што се потешки за разбирање на аритметичко ниво, туку и цело време им придаваме некакво негативно значење. Пример за тоа е бројот 13 што го сметаме за баксузен.
Парните броеви се здодевни и монотони, а непарните даваат чувство на возбуда и немир. Кога ќе го повишите гласот на 42 наместо на 43, се чувствувате пријатно и безбедно. Луѓето секогаш донесуваат брзи одлуки и броевите имаат голем удел во тоа. Веднаш знаеме дека можеме да му веруваме на производот со име ВД-40, но производот со име ВД-39 нѐ буни и нѐ тера да размислиме какво значење има тој број. Заклучокот е дека секојдневно си имаме работа со математиката, без разлика дали ни се допаѓа тоа или не.
Доколку ве заинтересира оваа тема, дознајте го значењето на броевите и она што тие се обидуваат да ни го кажат.