Дали прегратките имаат моќ да го спречат стареењето?
Никој не старее на истиот начин. Сите ние сме свесни за овој факт, а науката полека почнува и да објаснува зошто тоа се случува. Нашето тело старее секој ден, но процесите кои го предизвикуваат стареењето изгледа дека не целат кон одредено ткиво на изолиран начин. Различни делови од нашето тело стареат со различна брзина. Индивидуалните ткива покажуваат различен степен на чувствителност или отпорност кон стареењето. Но, дали ние можеме некако да влијаеме врз ова? Можеме ли да манипулираме со начинот на кои нашите ткива стареат?
До неодамна, одговорот на ова прашање ќе беше цврсто „НЕ!“, но една нова серија на студии ни сугерира дека процесот на стареење може да се модификува и дека одредени луѓе, без да знаат, можат да го докажат тоа според начинот на кој живеат.
Првото нешто што треба да го запомните е дека мозокот е клучот во регулирање на животниот век. Мозокот бара огромна енергија, па доколку некој се обидува да го модификува неговото стареење, тоа ќе се одрази и врз стареењето на телото. Односно, ако го oсвежите вашиот мозок, ќе се освежи и вашето тело. Истото важи и за спротивното.
Досега се докажани 3 начини на кои успешно се намалува стареењето на телото: умерено вежбање, рестрикција на калории и хетерохронична парабиоза. Многу луѓе добро ги познаваат првите 2 пристапа, кои на кратко можат да се објаснат како „Јадете помалку и движете се повеќе.“ Но, за третиот пристап, кој покажува огромен потенцијал при откривањето на тајните на забавеното стареење, потребно е мало објаснување…
Хетерохроничната парабиоза е всушност многу едноставна и може да се изведе во 2 брзи чекори. Прво, најдете млад човек. Потоа, прицврстете го вашиот крвоток за нивниот – засекогаш! Оваа несекојдневна и малку сурова техника била изучувана за време на цивилната војна во Америка од страна на д-р Пол Берт. На кратко, тој со помош на крвта на младите успевал да подмлади стар човек притоа подобрувајќи ги неговите функции на мозокот и зголемувајќи ја способноста за регенерација на целото тело. Студиите спроведени на стари глувци кои ја делеле крвта со млади глувци, исто така покажале намалување на знаците на стареење на срцето, коските, црниот дроб и дигестивниот систем. Делењето на крвотокот со помлада личност може дури и да помогне при борбата со дијабетес.
Но, што поточно го предизвикува овој феномен? Досега е откриено дека окситоцинот (хормонот за љубовта), кој се наоѓа во крвта е еден од причинителите за подмладување на личноста. Неговата количина во крвта се зголемува по прегратките и бакнежите со љубената личност, како и по сексуалниот однос. Тој исто така се верува и дека може да ни помогне при емоционалните и психолошките одговори на настаните кои го променуваат животот. Едноставната лекција која можеме да ја извлечеме од овие истражувања е дека наместо да се „закачиме“ за тинејџер и да ја користиме неговата крв за подмладување, многу е полесно едноставно да даваме и примаме повеќе прегратки во текот на денот. Вреди да се проба, се согласувате?