Дали ова е круг? Одговорот може да ви открие многу работи за вашиот поглед кон светот
Според најновите истражувања, овој краток тест ќе ви открие многу работи за вашиот карактер, за погледот кон светот, како и за политичките убедувања. Имено, одговорот на едноставното прашање „Дали ова е круг?“, може да открие дали вашите политички убедувања се либерални или конзервативни. Добро погледнете ја сликата и без размислување одговорете дали според вас тоа е круг или не е.
Одговоривте? Тогаш време е да дознаете повеќе за себе. Според истражувањето објавено во списанието за личност и социјална психологија (Journal of Personality and Social Psychology), оние кои одговориле со „Да“ имаат полиберални политички сфаќања и без проблем ги прифаќаат маргинализираните општествени групи. Од друга страна, пак, луѓето кои сметале дека тоа на сликата не е круг, повеќе се согласуваат со конзервативните политички убедувања.
Еден од авторите на истражувањето објаснил дека оние кои одговориле потврдно, активно сакаат да им помогнат на угнетените групи додека гласачите кои одговориле одречно, сметаат дека државата треба да има силна војска и немаат никаква толеранција кон криминалците, проститутките и наркоманите.
„Во три истражувања на испитаниците им беа покажани геометриски фигури и од нив беше побарано да препознаат дали се работи за триаголници, кругови или квадрати. Поконзервативните учесници забележуваа голема разлика помеѓу совршените и несовршените форми, додека, пак, полибералните учесници без проблем ги прифаќаа малите промени. Освен тоа, оваа диференцијација на формите делумно се однесуваше и на врската помеѓу политичката идеологија и построгите казни за криминалците, помалата поддршка за јавна помош на сиромашните и маргинализираните општествени групи“, било објаснето во истражувањето.
Станува збор за едноставно прашање што може да открие многу работи за вас. Во продолжение, прочитајте ги деталните резултати од овој тест и дознајте дали сте конзервативни или либерални…
Ако одговоривте со „Да, секако, доволно личи на круг“, тогаш најверојатно вие сте политички либерални и силно ја поддржувате идејата дека владата треба да им помага на бездомниците и на невработените. Исто така, постои голема веројатност дека ги поддржувате истополовите бракови и легализацијата на марихуана за рекреативна употреба.
Ако одговоривте со „Не, секако дека не“, тогаш најверојатно вие имате конзервативни политички убедувања и цврсто ја поддржувате идејата за заштита на правата на сопствениците на бизнис и сметате дека државата треба да располага со силна војска. Постои голема веројатност дека не ви се допаѓа нелегалната имиграција и строго ги осудувате дури и најситните криминални дела, како што се употребата на дрога и проституцијата.
Доколку запознаете нови луѓе и не знаете како да ја начнете темата за нивната политичка ориентација, само покажете им го овој „круг“.
Сакате да дознаете повеќе за себе? Тогаш направете го и следниов тест и дознајте како брзината на пишување го открива вашиот карактер.
Дали е ова неверојатна глупост?
Да, секако, доволно личи на неверојатна глупост.