Дали некогаш сте се запрашале зошто се чешкате по главата додека размислувате?

Дали некогаш сте се запрашале зошто се чешкате по главата додека размислувате?

На сите ни е познат моментот на чешкање по глава за време на размислување, бидејќи уште од детството ги поврзуваме овие две активности. Сигурно и вие самите понекогаш го правите тоа кога размислувате што треба да направите или да кажете.

1-dali-nekogash-ste-se-zaprashale-zoshto-se-cheshkate-po-glavata-dodeka-razmisluvate-www.kafepauza.mk_

Обично станува збор за ситуации во кои треба добро да размислите пред да го направите следниот чекор, а чешкањето по главата всушност е автоматски гест на телото.

Мозокот таа ситуација ја толкува како стресна, а секој облик на несвесно допирање е обид за да се смирите и да се утешите самите себе, објаснуваат психолозите. Автоматските гестови како чешкањето по главата или масирањето на вратот се надворешен одраз на внатрешната состојба на човекот. Една од психолошките теории објаснува дека гестовите се израз на фрустрација.

2-dali-nekogash-ste-se-zaprashale-zoshto-se-cheshkate-po-glavata-dodeka-razmisluvate-www.kafepauza.mk_

Психолозите сметаат дека поголемиот дел од несвесните гестови кои вклучуваат допирање на самите себе всушност се желба за човекот да се утеши во моментите на несигурност или стрес. На тој начин самите себе се охрабрувате.

Чешкањето на главата е низа несвесни движења со кои човекот се обидува да си помогне на себе за да се опушти и да ја намали количината на стрес, а насочено е кон главата, бидејќи токму таа е изворот на тој стрес.

3-dali-nekogash-ste-se-zaprashale-zoshto-se-cheshkate-po-glavata-dodeka-razmisluvate-www.kafepauza.mk_

Луѓето учат на три начин – со слушање, со гледање и со допир, а невропсихолозите тврдат дека оние кои имаат обичај да се чешкаат по главата најдобро учат по пат на допир или движења.

Оние кои најдобро учат со гледање, во моментите на интензивно размислување ќе го насочат својот поглед кон небото, а оние кои учат и помнат слушајќи ги другите, ќе го допираат своето уво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар