Дали навистина вежбате јога: Разликата помеѓу модерната и древната верзија

Дали навистина вежбате јога: Разликата помеѓу модерната и древната верзија

Јогата стана неверојатно популарна во последниве неколку години. Оние кои редовно вежбаат постојано ви кажуваат за нејзините придобивки, и имаат право кога го зборуваат тоа. Редовното вежбање ви ја зголемува силата, флексибилноста, ја намалува склоноста кон повреди, ја подобрува концентрацијата и уште многу други работи.

dali-navistina-vezhbate-joga-razlikata-pomegju-modernata-i-drevnata-verzija-kafepauza.mk

Но, она што не се зема предвид е духовното учење кое се крие во оваа древна вештина. Јогата е многу повеќе од физичкото вежбање, но западната култура не го сфаќа ова. Не е лошо да го изведувате физичкиот дел од јогата, но важно е да ги разберете нејзините корења и потекло за навистина да имате корист од неа.

Западната перцепција за јогата

Гледањето за јогата кое го има Западот е многу погрешно. Најчесто за јога се смета само физичко вежбање. Јогата се проширила на Запад во 1800-тите години, кога Свами Вивекананда, индиски гуру и јогин, испратил неколку јогини да го прошират учењето на јогата. Некои од овие гуруа, како и самиот Свами, им го привлекле вниманието на познатите автори и научници. На пример, Никола Тесла бил добро запознаен со оваа древна техника и нејзината поврзаност со науката на која работел. Јогата користи санскрит зборови како „акаша“ и „прана“ за да ги објасни силите и материјата кои постојат околу нас. Малкумина знаат дека Тесла и Свами добро се познавале.

Од „запознавањето“ на Западот со јогата, нејзината популарност се зголемува секоја година. Но и покрај оваа популарност, таа воглавно се смета само за физичка вежба чии духовни корени се игнорирани или заборавени. Сепак, главната цел на јогата е да постигнете состојба на просветлување. Кога ќе почнете да практикувате јога на правилен начин, дури тогаш ќе ги осетите придобивките од неа.

Вистинската природа на јогата

Како што кажавме, вистинската цел на јогата е да постигнете некакво просветлување. И ова не мора да го правите со физичките вежби, но тие сепак помагаат да ја задржите рутината. Кога ги изведувате овие пози се отвораат вашите енергетски центри, а со тоа се зголемува дотокот на енергија во вашето тело. Во втората книга од Јога Сутра, напишана од Индиецот Птанџали пред околу 2000 години, се опишани 8 насоки или правила на јогата:

1. Јама: Воздржување од насилно однесување. Ова вклучува насилство, повредување, кажување лаги, крадење, лакомост. Воглавно, прифатете етичко однесување.

2. Нијама: Развијте корисно однесување. Овде спаѓа хигиена, благодарност и вклучување во дисциплинарни вежби за фокусирање и себепроучување.

3. Асана: Ова се физичките вежби. Јога позите се направени за да им помогнат на умот и на телото да се опуштат преку зголемување на силата и флексибилноста. Целта на асаните е да го подготви телото да ги издржи долгите ригорозни медитации.

4. Пранајама: Техники за свесно дишење. Овие техники ја подобруваат способноста за фокусирање.

5. Пратхара: Фокусирање на само еден предмет или чувство. „Зауздување“ на умот и зголемување на способноста за концентрација. Оваа техника ви помага да ги контролирате вашите мисли и го смирува вашиот ум.

6. Дарана: И оваа техника е за концентрација. Најчесто се искусува кога работите умствена работа која го бара целото ваше внимание.

7. Диана: Развивање на способноста за долго фокусирање на само едно нешто и со поголема свесност. Ова е всушност медитација.

8. Самади: Единство, или мистично поврзување со предметот на кој ви е посветено вниманието. Во оваа состојба, разликите помеѓу предметот и личноста се губат. Оваа свесност често е еден вид екстаза. Ова е најбудната состојба која е придружена со интензивно задоволство кое не е поврзано со физичките сетила.

Оваа листа е само дел од целата филозофија на јогата, но овие гранки се основата. Како што можете да забележите, практикувањето на јогата е многу повеќе од физичките пози, или асани. Тие се само мал дел од целото. Јогата е техника за подобрување на физичкото, но и на менталното здравје, а придобивките од неа без сомнение се големи.

Доколку сакате да почнете со практикување јога, погледнете кои се најдобрите почетнички пози.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар