Дали навистина секоја снегулка е уникатна?
И покрај тоа што некои научници наоѓаат маана во оваа мисла, повеќето ќе се согласат дека гледано одблизу секоја снегулка има уникатна форма.Снегулката започнува како едноставна хексаголна призма. Потоа како што паѓа, нејзината форма уникатно варира според условите. Во 1970-те, истражувачи од Универзитетот за наука во Токио откриле дека влажноста, температурата и притисокот на воздухот ја детерминираат формата на снегулката.
„И покрај тоа што ни две снегулки не завршуваат со слична форма, шестте краци на еден кристал истовремено патуваат и поради тоа сите тие синхронизирано растат, притоа давајќи ù на секоја снегулка уникатна и интригантна структура со препознатлива симетрија,“ вели Кенет Либрехт, физичар од Калифорнискиот институт за технологија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.