Дали навистина можете да умрете од страв?

Дали навистина можете да умрете од страв?

Секој човек на оваа планета барем еднаш доживеал силен страв. Овој страв го карактеризираат силно чукање на срцето, дланки кои се потат и забрзано дишење. Но, дали овие симптоми навистина можат да предизвикаат смрт?

Дали навистина можете да умрете од страв?

Најчестите стравови со кои се соочуваме денес се оние кои во минатото најмногу ги убивале нашите предци. Арахнофобија (страв од пајаци), акрофобија (страв од височини), клаустрофобија (страв од затворен и мал простор) и енетофобија (страв од игли) се во моментов најзастапени фобии чија распространетост има логика бидејќи тие биле константна закана за нашето преживување низ годините. Бидејќи овие стравови можат да се пренесат преку гените, доколку и вие ги имате, големи се шансите дека сте ги наследиле од вашите родители. Но, стравовите можат да се обликуваат и според вашето секојдневно искуство, а во тоа огромна улога има и вашата перцепција на дадена ситуација.

Имајќи го тоа на ум, дали навистина можете да умрете од страв? Одговорот е: Да! Поточно, не е стравот оној кој може да ве убие, туку реакцијата на него. Кога сте под интензивен страв, во вашето тело се создава многу адреналин кој го забрзува чукањето на вашето срце. Токму затоа кај оние луѓе кои имаат одредени проблеми со срцето, може да се случи тоа да не може да постигне и едноставно да престане да чука. Но, не грижете се. Постојат многу начини на кои можеме да се истренираме да не ги доживуваме овие фобии како многу страшни, а со тоа и при појава на одредена ситуација нашето тело да не лачи толку адреналин кој би можел да предизвика проблем. Од друга страна пак, оние кои имаат здраво срце и водат здрав живот имаат минимален ризик. Погледнете го видеото за повеќе информации.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар