Претходно
Дали може со нож да се пресече капка вода на два дела?
Понекогаш е навистина тешко науката да се одвои од магијата, а тоа особено важи за тимот научници од Универзитетот Аризона на чело со д-р Антонио Гарсија, кои направиле нож со кој капка вода може да се пресече на два дела. Без растекување, без неред – само чисто и едноставно пресекување на водата.Ножот е направен од мешавина на цинк и бакар. Пред употребата бил исчистен со ацетон, дејонизирана вода и етанол, а потоа бил исушен со нитроген. Се верува дека овој пронајдок може да воведе револуција во испитувањето на течностите, а дотогаш останува само да се восхитуваме на фактот што конечно може да сече и водата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.