Дали мислите дека сте посебни? Еве зошто психолозите сметаат дека тоа е опасно!
Вистина е дека сите сме посебни. Сите имаме специфичен темперамент и карактер. Постојат делови од нашата личност што се само наши и не може да се најдат кај ниеден друг човек. Сите имаме различни погледи кон светот, различни способности и таленти што нѐ прават посебни, но со оглед на тоа што сите сме посебни на свој начин, таа зачестена појава на уникатност значи дека сепак не сме толку посебни.
„Сите сме различни и посебни снегулки, но сепак сите сме снегулки“, објаснува доктор Дејвид Хокинс.
Зошто е опасно да мислите дека сте посебни?
Опасноста лежи во тоа што ја нагласуваме нашата посебност на сметка на заедничкото човештво. Според докторката Сара Саркис, психолог од Хонолулу, Хаваи, ваквото мислење го плаќаме по многу висока цена.
„Како резултат од нашето потенцирање на посебноста како основа на тоа зошто нашите искуства, чувства и мисли се толку ретки и различни од туѓите мисли, чувства и искуства, смислата на човештвото ни станува недостапна и отуѓена.“
Станува збор за вистински парадокс! Нашата посебност ја предизвикува нашата изолираност и осаменост.
„Секојдневно ми доаѓаат луѓе кои се чувствуваат изолирани, осамени и неповрзани. Митот за посебноста е коренот што ги предизвикува сите клинички состојби кај луѓето, како што се емоционалната неповрзаност, социјалната изолација и отуѓување, чувството на обесправеност и мислењето дека заслужуваат повеќе одошто добиваат“, објаснува психологот.
Луѓето мислат дека заслужуваат посебен третман
Најочигледната форма на посебност што секојдневно ја среќаваме е чувството дека имаме право на посебен третман. Сигурно познавате вакви поединци. Тоа се луѓето кои мислат дека животот им должи нешто, како на пример успех или одреден животен стандард. Тие не се подготвени да почнат од дното и да работат напорно за да стигнат до врвот. Не, тие се толку посебни, што овие правила не важат за нив.
Тие најчесто пораснале со ова мислење, бидејќи родителите ги увериле дека тие се центарот на универзумот. Нивното дете е толку талентирано и посебно што заслужува посебен третман. Во подоцнежните години, луѓето и понатаму ја очекуваат оваа привилегија во секојдневните ситуации, па затоа се обидуваат да одат преку ред или инсистираат да бидат послужени први. Сигурни сме дека сето ова ви е познато.
Зошто мислењето дека сте посебни ве оддалечува од другите луѓе?
Луѓето кои мислат дека се посебни се оддалечуваат од останатите. Според Саркис, чувството дека заслужуваат посебен третман влијае на нивната способност да бидат емпатични и да сочувствуваат со другите луѓе.
„Посебноста се раѓа во околина кога се нагласува уникатноста на детето, но се исклучува значењето на нашите заеднички особини што ги сочинуваат суштинските елементи на секој човек: Сите крвавиме, сите чувствуваме болка, сите се вљубуваме, сите се соочуваме со нашата и смртта на нашите блиски“, открива Саркис.
На луѓето кои го имаат ова мислење им било кажано дека токму нивната посебност им дава моќ. Тие мислат дека се различни уникатни и посебни, па затоа заслужуваат посебен третман.
Но, нештата може да станат уште полоши. Постои втор тип посебност што потешко се препознава, бидејќи не е толку очигледен. Во тој случај, поединецот го поврзува неговото чувство на посебност со неговото страдање и верува дека само тој бил повреден, само нему му било згрешено и дека другите луѓе, кои не се толку посебни, не би можеле да го разберат.
Тогаш, тие се изолираат и оддалечуваат од останатите токму поради посебноста што би требало да им помогне да се чувствуваат супериорни. Овие поединци најчесто се обидуваат да објаснат зошто нивното страдање е уникатно и поинакво од сите други страдања.
Тие не можат да ја прифатат поддршката и емпатијата на луѓето околу нив, бидејќи се заробени во нивната идеја за посебност, каде што само тие и ниедно друго човечко суштество не може да се идентификува со нивното искуство. Тие сѐ повеќе се оддалечуваат од луѓето во нивниот живот и на крајот остануваат сами.
Дали сте сигурни дека сакате да бидете посебни? Дали сте сигурни дека вашите деца треба да мислат дека се посебни? Психологот Саркис советува да направиме самоанализа за да видиме дали мислиме дека сме посебни и потоа да размислиме за цената што ја плаќаме поради нашето чувство на посебност.
И покрај советите на психолозите, некои луѓе се обидуваат да бидат посебни по секоја цена. Пример за тоа се следниве 12 уникатни луѓе со необичен изглед.