Дали луѓето ви веруваат кога лажете? Тогаш ги имате овие физички карактеристики

Дали луѓето ви веруваат кога лажете? Тогаш ги имате овие физички карактеристики

Дали сте секогаш искрени? Или, пак, се гордеете со тоа што сте добри лажговци? Дали успевате да се извлечете од секоја можна ситуација со тоа што ја извртувате вистината? Дали вашите „бели лаги“ поминуваат секогаш и кај секого?

Дали луѓето ви веруваат кога лажете? Тогаш ги имате овие физички карактеристики

Според едно ново истражување вашето лице може да им кажува многу на луѓето кои ве опкружуваат. Само 33 милисекунди се потребни за мозокот да го анализира лицето на човекот со којшто сте се запознале и да ја процени неговата искреност.

На тој начин мозокот добива многу корисни информации. Сѐ зависи од коските на лицето.

Истражувањето, кое извршило анализа на лицата на повеќе криминалци и на тоа колку другите луѓе ги сметале за искрени, покажало дека изразените јаболкници, високо поставените веѓи и заобленото лице даваат изглед на искрена личност, дури и кога испитаникот бил убиец кој лажел дека е невин.

Спротивно на тоа, кога некој има ниски веѓи и неистакнати јаболкници, таа личност делува нечесно и неискрено. Резултатите на ова истражување покажале дека луѓето ги сметале испитаниците со овие физички карактеристики за криминалци, иако биле невини.

Секако, ова не значи дека единствен критериум при нашата проценка дали можеме или не можеме некому да веруваме е структурата на лицето. Но, со оглед на тоа дека нашите мозоци автоматски и потсвесно ги анализираат туѓите лица, тоа значи дека можеби имаме повеќе предрасуди отколку што сме мислеле.

Доколку имате среќа да ги поседувате карактеристиките на „искрена“ личност, веројатно би можеле да се извлечете со малку лажење. Сепак, тоа не значи дека не треба да бидете искрени. Однесувајте се со другите онака како што би сакале и тие да се однесуваат со вас. Бидете подобра личност и немојте да паднете на искушението да ја злоупотребите „моќта“ за лажење што ја поседувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар