Дали комплетната искреност е секогаш најдобриот одговор?
Искреноста и довербата се основни делови на цврста врска полна со љубов. Сигурноста која произлегува од знаењето дека вашиот партнер е отворен и доверлив со вас ги елиминира сите стравови и грижи. Паровите кои доживеале неверство или недоверба многу добро знаат колку се тие деструктивни. Но, дали секогаш лагата е лоша за врската? Една нова студија открива дека повеќе од 70% од вкупно 400 испитаници изјавиле дека веруваат дека поголемиот број луѓе редовно лажат. Големиот дел од нив велеле и дека кажувањето лага понекогаш може да биде многу подобро решение отколку да се каже вистината.
Испитаниците откриле неколку ситуации кога вистината би можела да предизвика поголема штета од лагата. На пример, тие велат дека лагата е соодветна кога вашиот партнер ќе ве праша како изгледа. Понекогаш кога тој/таа не изгледа добро, употребата на алтернативен одговор, дури и некој што не е целосно искрен би бил поприкладен. Во студијата скоро половина од учесниците изјавиле дека биле неискрени со својот партнер во минатото и 65% велеле дека било сосема прифатливо да се излаже во одредени ситуации. Сексуалната изведба, поранешните љубовни интересирања, конзумирањето алкохол и вистинската цена на облеката се работите за кои тие најчесто лажеле…
Силвија Бенович, клинички психолог кој работи со компулсивни лажливци вели дека е сосема нормално луѓето да лажат. Лажењето им овозможува да создадат „совршена“ слика за себе во очите на оние околу нив. Лагата може да им послужи и како начин за зголемување на ниската самодоверба, а некои пак ја употребуваат само за да ги повредат оние кои ги сакаат. Џастин Оукли, професор по морална психологија на Универзитетот Монаш вели дека лажењето не секогаш е лошо. Но, на крај тој додал:
„Кога започнувате со кажување лага, вие полека почнувате и да плетете мрежа од измама. И покрај тоа што лагата можеби е кажана со најдобри намери, може многу брзо да излезе од контрола и да создаде лоша ситуација за сите оние кои се вмешани во неа.“
Ви препорачуваме добро да размислите пред да кажете одредена лага, без разлика колку мало и незначајно ви изгледа во моментот… Можеби тогаш ќе сметате дека е одличен одговор, но не заборавајте дека доколку во иднина се дознае вистината – би можела да повреди некој/а кој/а многу ви значи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.