Дали ќе се зголеми бројот на случаи на семејно насилство за време на пандемијата на коронавирусот?

Дали ќе се зголеми бројот на случаи на семејно насилство за време на пандемијата на коронавирусот?

Како што се шири пандемијата на коронавирусот, сè повеќе луѓе практикуваат социјална дистанца и остануваат изолирани дома колку што е можно повеќе за да спречат ширење на КОВИД-19. Според експертите, иако социјалната дистанца е неверојатно моќна алатка за заштита на јавното здравје и за намалување на бројот на луѓе заразени со коронавирус, во вакви случаи постои ризик од зголемување на бројот на случаи на семејно насилство.

Дали ќе се зголеми бројот на случаи на семејно насилство за време на пандемијата на коронавирусот?

Многу луѓе имаат ниски примања и заработуваат само колку да си обезбедат пристоен живот. Но, сега се затвораат компании и училиштата и целиот свет ќе го почувствува економскиот удар, а сето тоа претставува закана за овие луѓе. Многу луѓе веќе се загрижени како ќе ја платат киријата или како ќе ги купат потребните намирници затоа што компаниите започнаа со отпуштања. Други, пак, се прашуваат што ќе прават ако се заразат со новиот вирус, затоа што тие и нивните деца ќе паднат во рацете на насилниот партнер.

„Злоупотребата значи моќ и контрола“, вели раководителот за развој и маркетинг во Националната телефонска линија за семејно насилство. „Насилникот ќе ја искористи секоја ситуација за да добие поголема моќ – вклучувајќи ја и сегашната со КОВИД-19.“

Светската здравствена организација (СЗО) забележува постојан пораст на бројот на случаи на интерперсонално насилство по секоја природна непогода. Откако ураганот Марија го погоди Порторико во 2017 година, една организација забележала зголемување на барањата за поддршка за 62%. Истото важеше и по ураганот Катрина во 2005 година во Њу Орлеанс и по ураганот Флојд во Северна Каролина во 1999 година. Без разлика каде и кога ќе се случи некоја голема катастрофа, потоа следува зголемување на бројот на пријавени случаи на семејно насилство.

„Причината за порастот на семејното насилство е тоа што луѓето се поизолирани по секоја природна непогода, а изолацијата е една од најмоќните алатки што се користи за контрола на жртвите. Сето ова би можело да ги влоши работите бидејќи насилникот продолжува да ве контролира, да ве следи и да ве изолира од потребната поддршка“, вели Стар, нагласувајќи дека социјалната дистанца нема да направи насилник од некој што досега не се однесувал насилно.

Додека се во карантин, луѓето се многу почесто во непосредна близина со насилникот. Вообичаените работи што луѓето ги прават за да се оддалечат од насилникот, како што се одењето на работа, посетувањето на семејството и средбите со пријателите, во вакви кризни ситуации е невозможно да се прават. Луѓето честопати остануваат со насилниот партнер затоа што не можат финансиски да се издржуваат себеси или децата, па намалувањето на платата или губењето на работното место поради настанатата ситуација со КОВИД-19 може само да ја влоши состојбата во која се наоѓаат овие личности.

„Кога семејствата се заедно 24/7, вообичаените стратегии што луѓето ги користат за да стигнат до помош или да направат план за излез обично пропаѓаат во вода“, вели Крински.

Многу насилни партнери може да се обидат да шират дезинформации, кажувајќи им на жртвите дека нивниот град е целосно под карантин и кога всушност не е така, сè со цел да се обидат да го спречат партнерот да има пристап до ресурсите што може да му помогнат.

„Многу луѓе се трудат да им бидат поддршка на членовите на своето семејство и на своите пријатели, колеги или соседи. Тоа не мора да се менува кога луѓето се изолирани“, вели Стар. „Пријателите и членовите на семејството ќе бидат првите што ќе бидат покрај вас откако ќе помине оваа криза.“

Во денешно време, пријавувањето на семејното насилство е полесно од кога и да е бидејќи со луѓето на кои им верувате може да разговарате преку телефон или преку Интернет. Јавете им се на вашите пријатели бидејќи вие можете да бидете потенцијалиот спас на жртвите на семејно насилство.

Погледнете кој скриен знак ги издава луѓето кои се жртви на физичко насилство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар