Дали интелигенцијата е навистина секси?
Неколку психолози откриле дека мажите со најздрава сперма се оние со највисок коефициент на интелигенција. Покрај тоа, квалитетот на спермата е поврзан со квалитетот на мозокот. Ова објаснува зошто жените сакаат паметни и духовити мажи – тие имаат најдобри гени за нивното потомство. Ова конечно објаснува зошто најинтелигентните луѓе имаат најмногу обожаватели. Изгледа дека веќе изгледот не е најважен и првото место на листата го зазема токму интелигенцијата.
Истражувањето, што било спроведено од страна на психологот и професорот Џефри Милер од Универзитетот во Ново Мексико, вклучувало студија од 400 воени ветерани на коишто им биле зададени тешки ментални тестови, а потоа од нив било побарано да овозможат и примерок од сперма. Според резултатите, мажите што добиле повисок скор на тестовите за интелигенција исто така имале и повисок степен на здрава сперма.
Но ова не значи дека само жените сакаат интелигентен партнер. Постои верување дека мажите се чувствуваат лошо ако нивната партнерка е интелигентна. Но, едно истражување покажало дека 86% од мажите би сакале да имаат партнер кој е попаметен од нив. Ова докажува дека интелигенцијата е секси без разлика на полот. Од друга страна пак, пониските скорови биле поврзани и со понеквалитетна сперма.
Професорот Милер верува дека квалитетот на спермата е директно поврзан со квалитетот на мозокот. Овие две карактеристики паралелно еволуирале како начин за рекламирање добри гени. Тој исто така верува дека и голем број човечки особини, како јазикот, интелигенцијата, хуморот и несебичноста, исто така е можно да еволуирале да бидат атрактивни за женскиот пол.
Но ова не значи дека само жените сакаат интелигентен партнер. Постои верување дека мажите се чувствуваат лошо ако нивната партнерка е интелигентна. Сепак друго истражување покажало дека 86% од мажите би сакале да имаат партнерка што е попаметна од нив. Ова докажува дека интелигенцијата е секси без разлика на полот.
Прочитајте и зошто токму хуморот се смета за една од најпосакуваните и најсекси особини кај спротивниот пол.