Дали и вие погрешно го облекувате вашиот градник?
Градникот има важна улога во животот на жените, па токму затоа и е дел од нивната секојдневна облека. Со негова помош градите имаат соодветна поддршка и изгледаат беспрекорно. Но, и покрај тоа што пронаоѓањето совршена долна облека за жените претставува голема мака, според податоците дури 85% носат погрешен модел кој не одговара на нивното тело. Од друга страна пак, 60% од жените погрешно го облекуваат својот градник.
Според неодамнешни истражувања спроведени на жени од различна возраст, повеќе од половина жени го облекуваат градникот погрешно, односно го закопчуваат напред, а потоа го вртат, ги ставаат прерамките и го наместуваат. Правилниот начин на облекување градник е доколку прво го наместите во својата позиција, а потоа го закопчате на грбот. За оваа техника потребно е малку повеќе вежба, но сепак 40% од жените ја имаат добро совладано.
Но, зошто постои погрешен и правилен начин на закопчување? Доколку го практикувате погрешниот начин, вие го растегнувате материјалот на градникот и скоро дупло ја намалувате неговата функционалност. Со ова растегнување доаѓа до пукање во ткаенината која го прави градникот еластичен и цврст, па со тоа и се скратува неговиот век на траење. Исто така со вртењето вие го триете од вашата кожа и затоа станува брзо нечист, па мора почесто да го перете. Со честото перење, вие ја менувате формата на корпите, што повторно придонесува за негово побрзо уништување.