Дали и вашите пешкири станале тврди и груби од перење? Еве каде грешите…
Доколку вложувате во скапи и неверојатно меки пешкири, сигурно многу се нервирате кога тие ќе стврднат по само неколку перења во машина. Со цел да го спречите ова, експертот за уредување на ентериерот Рејчел Коен споделува четири совети што ќе ви помогнат да ја задржите мекоста на омилените пешкири.
1. Перете ги во ладна вода
Ниските температури го спречуваат собирањето на шевовите, помагаат при задржување на оригиналната боја и подобро ги отстрануваат дури и најтврдокорните дамки.
2. Ослободете се од омекнувачот
Хемикалиите во омекнувачот можат да ги оштетат влакната на пешкирите и со секое ново перење сè повеќе да ги деформираат. Па, наместо омекнувачот, ставете тениско топче во машината. Верувајте ни, ќе се изненадите од резултатот.
3. Внимавајте на количината детергент
Ако ставате премногу детергент, пешкирите тешко се плакнат па затоа и стануваат крути. Следете ги точните насоки од упатството за перење со цел да знаете колку детергент се користи за одредена количина алишта.
4. Немојте да ги пресушите
Пешкирите што лесно впиваат вода брзо се сушат, па затоа и сушете ги што е можно пократко. Можете да ги извадите и надвор на воздух за да се досушат.
Колку често треба да ги перете пешкирите?
Без оглед на тоа колку чисто изгледаат пешкирите, гарантираме дека се понечисти одошто мислите. Секој пат кога се бришете со пешкир вие отстранувате и слој мртва кожа од вас, која се лепи директно на нив.
Влажните пешкири исто така се и плодно тло за различни бактерии, па што подолго чекате да ги исперете, толку повеќе бактерии се намножуваат на нив. За да го заштитите вашето здравје, менувајте ги на секои два дена.
И за крај, доколку сакате да го елиминирате мирисот на „отстојано“ од своите пешкири, ставете прашок за печиво во машината. Овој едноставен трик ќе ги освежи вашите пешкири и ќе направи да изгледаат и да мирисаат како нови.
Дознајте и зошто никогаш повеќе не треба да ги перете вашите алишта на 30 степени.