Дали и вам храната ви е утеха? Решете го овој тест и дознајте!
Ако постојано испробувате нови диети, а потоа од разочарување јадете премногу, големи се шансите дека јадете за да се утешите, а не затоа што сте гладни. Според хипнотерапевтот Том Фортс Мајер, решението на овој проблем не се состои во намалување на калориите, туку во детално набљудување на сопствените емоции. Тој смета дека поголемиот дел од луѓето претерано јадат поради неразрешените емотивни проблеми кои понекогаш ги кријат и од самите себе.
Тој истакнува дека луѓето кои се под стрес несвесно јадат и затоа потоа се посветуваат на јо-јо диетите, а кога не можат да ги истраат, следува нов период на тага и депресија. За да дознаете дали и вие сте дел од оваа група луѓе, Мајер предлага да го решите овој едноставен квиз. Сѐ што треба да направите е да го одберете одговорот кој најдобро ве опишува и на крај само да ги преброите поените.
1. Како би се опишале себеси кога сте тажни, лути или под стрес?
а) Се прејадувам со слатка и мрсна храна.
б) Посегнувам по храна, но одбирам здрава храна.
в) Си давам себеси да размислам за она што го чувствувам, се релаксирам и се обидувам да сослушам што е всушност суштината на тие негативни емоции.
2. Дали можете да разговарате со некој околу тоа што ве мачи?
а) Избегнувам да размислувам за тешкотиите од минатото. Не сакам да зборувам за тоа. Не опростувам лесно.
б) Мислам дека минатото треба да си остане минато. Не размислувам околу нештата што не можам да ги променам, но можам да разговарам за голем дел од нештата кои ме повредиле и знам да опростувам.
в) Разбирам дека клучот за среќа е искреноста кон себеси и кон другите. Можам да зборувам за сѐ.
3. Кој од следниве искази најдобро ве опишува кога е во прашање бесот?
а) Можам лесно да се налутам и никогаш не заборавам кој што ми згрешил. Некогаш кога ќе се налутам можам да експлодирам од бес.
б) Луѓето ме фрустрираат, но сепак некои работи сакам да ги направам поинаку и избегнувам отворено да ја покажувам мојата лутина.
в) Преземам целосна одговорност за своите чувства. Ако сум лут/а на некого и согледам дека јас сум виновен/на, брзо се смирувам и можам да се извинам доколку моето однесување повредило некого.
4. Кој од следниве искази најдобро го опишува вашиот однос кон себеси?
а) Не се чувствувам добро во својата кожа, тешко прифаќам комплименти и честопати сум лош/а кон себе.
б) Некои делови од мојата личност си ги сакам, а некои не можам да ги смислам. Не сум си најголем обожавател, но можам да се поднесам.
в) Се гордеам со она што сум, се грижам за себеси и се надградувам.
Решение:
Како да се справите со негативните емоции?
Според Мејер, најнездравиот аспект на храната како утеха е тоа што луѓето ја игнорираат пораката која самите себе си ја праќаат – а тоа е дека се несреќни.
„Негативните емоции се знаци кои можат да ви го подобрат животот. Ако ги игнорирате вашите чувства, можете да пропуштите важна порака и поради тоа да ви биде потешко да се справите со секојдневието.“
Започнете да се слушате себеси и вашите емоции за да ги искористите емоциите како компас кој ќе ве изведе на правиот пат до среќата и здравјето.
Најважниот дел од промената на нечија телесна е форма е исфрлањето на внатрешната тага и бес. Тогаш добивате нова шанса правилно да го изградите вашиот живот без потреба празнините во душата да ги пополнувате со храна.