Дали и ова утро се разбудивте намрштени?
Повеќе од половина луѓе толку тешко се расонуваат, што избегнуваат да проговорат дури еден час после станувањето од топлата постела. 1/5 од нас наутро избегнуваат разговор со децата, на 1/3 не им се прави муабет со колегите на работа, додека 14% ја имаат прекинато својата љубовна врска, зошто им сметал утринскиот лош нарав на нивниот партнер.Речиси половина од возрасните испитаници, признале дека рано наутро се лошо настроени, а 43% од нив, не разговараат со партнерот додека малку не се расположат – утврдила студијата на британската компанија „Zombie Underground“, спроведена на 2.000 луѓе.
Речиси на 70% од луѓето им се темни пред очи доколку треба да разговараат со странците во јавниот превоз, затоа што наутро едноставно не им е дојдено до весели разговори. Некои од нас дури се преправаат дека зборуваат на мобилен или дека слушаат музика, само за да избегнат некаков разговор, додека 1/3 од луѓето читаат книга и избегнуваат контакт со очи. Воедно, секоја четврта личност, признава дека се има расправано со сопатниците во градскиот превоз, само зошто тие се обиделе да започнат разговор рано наутро.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Јас сум си баш расположена сабајле.. 🙂