Дали и колку е безбедно да се пие газирана вода секој ден?

Дали и колку е безбедно да се пие газирана вода секој ден?

Се верува дека газираната вода позитивно влијае на варењето, поради што често се заменува со газиран сок. Сепак, дали и колку е безбедно да се пие газирана вода секој ден, открива нутриционистката Сара Хус.

Дали и колку е безбедно да се пие газирана вода секој ден?

Според нутриционистката, секојдневното внесување на газирана вода во организмот има позитивни и негативни страни. Газираната вода придонесува за подобра хидратација, а позитивно влијае и на варењето, неутрализацијата на желудочната киселина, работата на бубрезите и правилната работа на срцето.

Резултатите од едно истражување покажале дека редовното внесување на газирана вода ја зголемува густината на коските, која инаку се губи со текот на годините.

Меѓутоа, секојдневното внесување газирана вода има и негативни ефекти. Можете да ја оштетите забната глеѓ и да придонесете за развој на кариес.

Освен тоа, според лекарите, не треба да се внесува газирана вода на празен стомак бидејќи може да го влоши проблемот со варење. Најдобро е да се пие меѓу оброците и препорачливо е да се одбегнуваат газираните безалкохолни пијалаци.

Откако прочитавте за позитивните и негативните ефекти од газираната вода, можеби ќе сакате да прочитате и колку газирана вода е премногу и дали може да ја замени обичната вода.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар