Дали го бришете вашето чисто тело со нечист пешкир?

Дали го бришете вашето чисто тело со нечист пешкир?

Колку редовно го перете вашиот пешкир? Дали тоа го правите после секое бањање/туширање или пак, го оставате во тоалетот да се суши после неколку последователни употреби? Погледнете што се случува доколку дозволувате вашиот пешкир или крпите во кујната да стојат долго време влажни и нечисти…

Доколку вашиот омилен пешкир ви стои нечист со денови (па можеби дури и со недели), има големи шанси тој да привлекува нездрава мувла и бактерии во вашиот тоалет.

Дали го сушите вашето чисто тело со нечист пешкир?

Пешкирот кој стои во топол тоалет со пареа им дозволува на микробите да имаат „оргија“ со купиштата мртва кожа која паѓа од вас додека се бришете со него.

Дали го сушите вашето чисто тело со нечист пешкир?

Токму затоа, се препорачува да не го користите истиот пешкир повеќе од 3 пати, односно по 3-тото бањање најдоцна да го ставите за перење.

Дали го сушите вашето чисто тело со нечист пешкир?

 

„Пешкирите кои се користат по бањањето или туширањето најчесто се оставаат да се исушат во тоалетот со цел да се искористат повторно“, вели Кели А. Рејнолдс која е професорка на Универзитетот во Аризона. „Бактериите и мувлата започнуваат да се насобираат на мокриот пешкир и како што тој се суши, така се намалува и нивното размножување.“

Истото се случува со сите пешкири и крпи во вашиот дом.

Дали го сушите вашето чисто тело со нечист пешкир?

 

„Крпите во кујната собираат многу повеќе штетни бактерии поради тоа што често се мокри и ретко кога имаат можност целосно да се исушат до следната употреба. Тие исто така собираат честички од храната во кујната бидејќи се во нејзина близина“, објаснува Рејнолдс. „Оваа состојба создава совршено сценарио за насобирање, растење и пренесување на бактерии.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар