Дали ги правите секојдневните работи во вистинското време?

Дали ги правите секојдневните работи во вистинското време?

Резултатите од новите студии покажуваат дека многу веројатно е работите коишто ги правите секојдневно, да не ги правите во вистинското време.

Сите сме запознаени со тоа дека вистинските зборови кажани во вистинско време, носат најдобри резултати. Исто така, кога е во прашање извршувањето на некои работи, навистина е важно кога ги правиме истите, затоа што со тоа го подобруваме нивното дејство и ги спречуваме несаканите ефекти. Погледнете дали и вие ги извршувате овие неколку работи во нивното вистинско време.

Кога би требало да ги земате лековите за крвен притисок?

Навистина постои оптимално време за земање на лековите коишто влијаат на кардиоваскуларното здравје. Лековите коишто го намалуваат лошиот холестерол би требало да се земаат навечер, затоа што тој е најголем во текот на ноќта. Меѓутоа, тоа се однесува само на лековите чиешто дејство престанува после два-три часа. Вообичаено на луѓето коишто пијат лекови за регулирање на крвниот притисок им се советува да ги земаат наутро, затоа што телото испушта утринска доза од хормонот кортизол. Утрото исто така е добро време за земање диуретици, за пациентите да не морат во текот на ноќта постојано да одат во тоалет.

Користете антиперспирант пред спиење

Повеќето луѓе нанесуваат антиперспирант веднаш штом ќе станат, затоа што тоа изгледа како добар начин да се започне денот. Меѓутоа, студиите покажува дека е подобро да го нанесете пред спиење, за да има поголем ефект. Едно неодамнешно истражување, спроведено на 60 жени помеѓу 18 и 65 години покажува дека кај жените коишто ставиле антиперспирант навечер, значително е намалено потењето во однос на жените коишто го користеле наутро. Иако не е сосема јасно како тоа функционира, се претпоставува дека антиперспирантот навлегува во порите во текот на спиењето, па наредниот ден трае подолго. Ако го нанесете наутро, потта само ќе го отстрани. Нанесувањето пред спиење се препорачува и за кремите.

Лекови за рак коишто ви помагаат додека спиете

Научниците истражуваат како би можел да се искористи внатрешниот часовник во човековото тело за да ја направи поефикасна хемотерапијата. Веќе се користат лекови коишто делуваат во текот на ноќта, кога телото се одмора, но и понатаму се вршат истражувања за да се утврди точниот процес којшто би дал најдобри резултати. Во текот на сонот значително е намалена активноста на дигестивниот систем, па се препорачува земање лекови за тврда столица, непосредно пред спиењето. Суштината е дека е намалено функционирањето на цревата, па лековите имаат време да делуваат. Кога се во прашање пак лековите коишто спречуваат произведување на киселина, тие најдобро е да се пијат наутро, 30 минути пред јадењето, затоа што храната ќе го стимулира произведувањето на киселина.

Кога да користите лекови за астма?

Симптомите на астма се најлоши во текот на ноќта затоа што тогаш е најниско нивото на хормонот кортизол којшто има антивоспалително дејство и на, како и на адреналинот, којшто помага бронхиолите да останат отворени и опуштени. Па, дишните патишта се стеснуваат пред будење, што исто така може да ги влоши симптомите. Поради тоа се препорачува лековите за астма да се земаат пред спиење.

Како да се снајдат оние коишто работат во смени?

Многумина работат во различни смени, што може да влијае на нарушување на нивниот внатрешен часовник и притоа да им го отежни најдоброто време за земање одредени лекови. Поради тоа, лекарите ним им препорачуваат лекови како што е аспиринот, којшто треба да го пијат веднаш штом ќе станат, диуретиците да ги пијат во време кога се активни и слично.

Секако, не заборавајте да се советувате со вашиот лекар за да постигнете најдобри резултати!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар