Дали флертувате повеќе отколку што мислите?
Можеби се сметате себеси за лојален и верен партнер кој никогаш не би изневерил. Меѓутоа размислете малку за момент: Дали постои можност да се впуштате во ненамерни и „невини“ флертувања? Можеби понекогаш се задевате со вашиот колега, сосед или пријател. Дали можеби ненамерно праќате сигнали дека сте сексуално достапни? Ова задевање кое вклучува одредени невербални пораки, може да ви донесе многу неволји, иако сметате дека е безопасно.
Без да бидете свесни за тоа, вие сте ја навеле личноста со која сте си разменувале заводливи погледи да помисли дека сте навистина сериозни. Потоа вие сте изненадени и одрекувате дека сте испратиле какви било сексуални сигнали, по што следува непријатна тишина. За да ги одбегнете ваквите ситуации, обрнете внимание на видовите флерт што постојат, и внимавајте да не ги применувате истите во ситуации кога немате такви намери…
Физички флерт
Ако флертувате на овој начин, вие веројатно суптилно ги допирате луѓето кои ве привлекуваат физички. Жените кои флертуваат физички го отвораат телото така што ги тргаат рацете од нивното торзо и често кимаат со главите во текот на конверзацијата. Изненадувачки, мажите кои се опишуваат себеси како физички флертувачи, помалку гледаат директно во девојките што ги привлекуваат и ретко им даваат комплименти.
Традиционален флерт
Доколку спаѓате во оваа категорија, верувате дека мажите треба да го направат првиот чекор. Мажите кои се сметаат за традиционални флертувачи почесто им приоѓале на жените, додека пак жените кои го применувале овој начин на флертување, се користеле со вербално задевање како средство за комуникација.
Искрен флерт
Вие навистина се интересирате за другата личност и пред да трепнете ќе видите како луѓето ви ги доверуваат нивните најскриени тајни. Во овој случај, помали се шансите дека само ќе „пуштате водичка“ (особено ако сте маж) и голема е веројатноста дека ќе разменувате заводливи погледи при средбите со непознати лица.
Учтив флерт
Ако флертувањето не ви се допаѓа баш и сакате да посветите доволно време за да запознаете некого, вашите интеракции со нови луѓе се формални и учтиви. Дури и кога некој ве привлекува физички, нема да се обидете да му се приближите, нема да го задевате и нема ниту да поставувате премногу прашања.
Разигран флерт
Овие флертувачи уживаат во играта, но не се заинтересирани за врска. Ако припаѓате на оваа категорија, не сте баш искрени за тоа дека навистина сакате да запознаете некого и честопати го користите флертот како средство за да го добиете она што го сакате. Несвесно праќате физички сигнали како што се истакнати гради и кратки заводливи погледи, особено додека разговарате.
Општо земено, доколку некој ве привлекува, помалку ќе го допирате сопственото тело, ќе давате многу комплименти, заводливи погледи, ќе се смеете почесто и ќе се обидувате да останете прибрани.