Дали е ова најкривата улица во светот?
Улицата Ломбарт во Сан Франциско, Калифорнија, лоцирана во соседството Руски рид помеѓу улиците Хајд и Левенворт има осум остри кривини, поради кои таа ја заслужила придавката најкривата улица во светот. Ваквата необична изградба на патот била неопходна од безбедносни причини, поради големата стрмност на ридот, по кој повеќето возила не можеле да се искачат.
Интересно е тоа што оваа улица е еднонасочна во правец надолу. Искривениот дел од улицата е долг 400 метри и е поплочен со црвени бекатонски плочки. Максималната дозволена брзина на возење по кривините изнесува 8км/ч.
Едни од најскапите имоти во Сан Франциско, лежат токму на улицата Ломбарт. Ова соседство поседува грандиозни резиденции, што е причина плус за секојдневниот порој од туристи на оваа уникатна уличка. На пролет и во текот на целото лето, улицата Ломбарт е разнобојна, благодарение на прекрасните расцутени цвеќиња засадени покрај секоја од осумте кривини.
Но, интересно е тоа што улицата Ломбарт не е најкривата улица во светот. Таа не е дури ни најкривата улица во Сан Франциско. Честа ѝ припаѓа на улицата Вермонт, која се наоѓа помеѓу 20-та и 22-та улица во соседството Портеро Хил. И покрај тоа што Вермонт технички е покрива улица од Ломбарт и интересна сама по себе, таа сепак ја нема популарноста и визуелната убавина на Ломбарт, на која секој посетител, додека е таму, не пропушта да направи неколку фотографии.
ја знам од GTA San Andreas играта 😀
Ova e sigurno za da se namali brzinata na vozenje na taa ulica i plus nesto novo za site nas 🙂
sto po gjavolite??? … dobra e za driftanje hahaha ok samo malce so kje ja unistite ogradata
san andreas 😀