Дали е неопходно да ја миете вашата шолја за кафе од работа секој ден?
„Обожавам да мијам садови!“ е реченица што нема да ја чуете од никого. Токму затоа, понекогаш ви се случува да го испиете кафето на работа и да ја оставите шолјата неизмиена цел викенд, сѐ додека не се вратите во канцеларија во понеделник. Шолјата за кафе и онака е полна со вода! Што би можело да тргне наопаку?
Докторите тврдат дека ако пиете црно кафе, без млеко и шеќер, тогаш не може да се насоберат многу бактерии во шолјата, особено ако ја оставите да се исуши помеѓу 2 употреби. Така и прават некои доктори, како на пример Адам Поснер. Тој пие црно кафе, не ја мие шолјата секој ден и не се разболел досега.
Некои истражувања од Универзитетот во Аризона покажале дека ако ја оставате шолјата неизмиена во заедничка кујна, можно е во шолјата да се насоберат многу непожелни бактерии. Тоа не е така само затоа што вашите колеги може по грешка да ја земат вашата шолја наместо нивната. Експертите велат дека ако не ја измиете шолјата за кафе со денови, а притоа постојано ја користите, тоа не е многу хигиенски и може да се разболите.
„Бактериите, вирусите и габите се насекаде. Тие лебдат во воздухот, можат да слетаат на вашата шолја и да се развиваат во периодите кога не ја користите шолјата“, тврдат експертите.
Уште ако додавате шлаг или имате навика да потопувате храна во кафето, тогаш им создавате совршена средина за развој на разните бактерии и микроорганизми.
„Имаме тестирано шолји за кафе кои не биле миени секој ден и најдовме не само бактерии, туку и габи. Тие не само што можат да предизвикаат инфекции, туку можат и да поттикнат алергиска реакција“, објаснуваат експертите.
Можете да го одбегнете редовното миење на шолјата за кафе, како што тоа го прави доктор Поснер, ако пиете црно кафе. Но, само ако пиете кафе сами, во ваша сопствена кујна, без млеко, без шеќер и не потопувате храна во кафето!
Многу е важно да знаете и колку шолји кафе треба да пиете дневно.