Дали е добро да ги заспивате вашите деца лежејќи покрај нив?
Секој родител се прашува дали треба да го научи своето дете да заспива само или да лежи до него сè додека не заспие. Прочитајте што велат истражувањата.
Произлегува дека за детето е подобро ако легнете до него.
Сузан Краус Витбурн, професорка по психологија на Универзитетот во Масачусетс, тврди дека постојат докази дека поврзувањето со родителите им помага на децата да станат успешни возрасни личности.
„Возрасните личности кои биле блиски со своите родители живеат посреќно и имаат помалку конфликти. Постојат дури и истражувања кои сугерираат дека и родителите се чувствуваат подобро како резултат на тоа“, напишала таа за „Психологијата денес“.
Истото мислење го имаат и Патрис Мери Милер и Мајкл Лампорт Комонс од Харвард, кои пред девет години спроведоа истражување на тема „Воспитување деца и поврзаност со родителите“.
„Придобивката од блискоста со родителите е помалата изложеност на стрес кај децата, што влијае на развојот на мозокот, a подоцна и на реакциите на стресот. Ова покажува дека блискоста со родителите ги намалува проблемите со менталното здравје во подоцнежниот развој. Друга важна придобивка е поврзаноста поради која детето ќе знае дека кога ќе контактира со родителите може да пронаде утеха. Децата кои биле поврзани со родителите ќе бидат поефикасни во основните развојни задачи, во врските со врсниците и во школувањето“, велат истражувачите.
Поради тоа, многу познати личности го прифатиле приврзувачкото родителство. Една од нив е Тамара, ќерката на Берни Еклстон, која изјавила дека нејзината ќерка Софија спие во креветот што го дели со сопругот Џеј Рутланд. Тамара знае дека нејзината ќерка еден ден ќе го напушти нивниот кревет, па решила да ужива во тоа додека трае и потврдила дека тоа не мора да ја изгасне љубовната искра помеѓу родителите.
Прочитајте ги овие 16 совети што ќе ви помогнат да го подготвите вашето дете за реалниот свет.