Дали е безбедно да разбудите месечар?
Еден од најстарите митови вели дека никогаш не треба да будите човек кој месечари, бидејќи тоа може да доведе до последици по неговото ментално и физичко здравје.
Најновите истражувања докажуваат дека тоа е само уште еден невистинит мит и образложуваат зошто е тоа така. Експертите кои го спроведувале истражувањето велат дека ова верување потекнува од многу дамнешно време, кога луѓето верувале и се опседнувале со приказни за духови и демони.
Сепак, сега е утврдено дека месечарењето е многу почеста појава и дека луѓето во тие моменти се наоѓаат во таканаречена „сива зона“ помеѓу сонот и јавето.
Доколку забележите дека некој месечари, експертите посочуваат дека најдобро е со неколку збора да му наредите да се врати во кревет и да продолжи да спие. Доколку месечарот продолжи да оди и доколку се појави шанса да се најде во опасна ситуација, на пример да се доближи до отворен прозорец или врата, обидете се да го разбудите со нежно тресење изговарајќи го неговото име.
Единствен кој е загрозен во оваа ситуација е оној што се обидува да го разбуди месечарот, бидејќи поради ненадејното будење од сон, тој може неконтролирано да замавне. Покрај ова, будењето на месечар е тотално безбедно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.