Дали девојчињата отсекогаш ја сакале розовата боја?

Дали девојчињата отсекогаш ја сакале розовата боја?

Сината е за момчињата, розовата е за девојчињата – ваквата поделба на боите е многу вообичаена во денешно време. Но дали отсекогаш било така? Историјата покажува дека мајките не ги облекувале отсекогаш своите девојчиња во розова боја, ниту момчињата во сина. Дали девојчињата отсекогаш ја сакале розовата боја?Историчарите откриле публикација од една продавница која датира од 1918 година и го докажува тоа. Во неа е наведено дека „розовата боја како поодлучна и помоќна е посоодветна за момчињата, додека сината боја е поделикатна и понежна, па со самото тоа повеќе одговара за девојчињата“. Се смета дека промената во оваа поделба на бои спрема полот се случила во 40-тите години на минатиот век, кога трговците увиделе промена во она што родителите го преферираат, па ја прогласиле морнарско сината за машка боја. Потоа жените ширум светот, борејќи се за своите права, одбирале розови и црвени нијанси за своите ќерки.

Научниците велат дека децата не препознаваат разлика помеѓу половите, сè до седмата година од животот, па се верува дека тие веќе механички одбираат сини односно розови нијанси, соодветно на она што за нив одбирале родителите уште од раѓањето.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар