Дали чувствувате недостатокот на креативност и непродуктивност? Науката има едноставно решение за овој проблем
Никој не е продуктивен секој ден и секој понекогаш има недостаток на креативност и денови кога едноставно не му оди добро на работа или во приватниот живот.
Иако проблемите со продуктивноста и мотивацијата не се ништо засрамувачко, вистинското мачење се јавува кога овие проблеми траат подолго и кога имате впечаток дека ниту еден метод што го пробувате не помага. Ако и самите сте се нашле во таков проблем, неодамнешната епизода на „MBG“ подкастот може да ви помогне. Стивен Котлер, писател, новинар, претприемач и експерт за продуктивност, откри за „MBG“ едноставен трик што треба да го користат сите оние кои се борат со непродуктивноста и недостатокот на инспирација. Имено, Котлер вели дека проблемот е во тоа што луѓето се спротивставуваат на тоа чувство и се обидуваат да го пробијат, а сè што треба да направат е еден чекор наназад.
„Наједноставниот трик за враќање на креативноста е повлекување и гледање на работите од поширока перспектива“, забележува тој.
Кога гледаме во небото, без да ги стеснуваме очите, се активира парасимпатичкиот нерв, чија функција е да обезбеди витални функции за време на одмор, закрепнување на организмот на дневна основа, за време на болести и напор и за заздравување на телото по опасни ситуации и справување со проблеми. Од друга страна, таканаречениот тунелен вид е поврзан со проширување на зениците кои реагираат на адреналинот во телото, со стеснување на видот и со фиксирање на опасноста.
Истражувањето покажа дека за време на длабока рефлексија, луѓето речиси се одвојуваат од надворешниот свет, прицврстувајќи го погледот кон пошироко видно поле, како што е гледање во празен ѕид или гледање во природа низ прозорец. Затоа, како што сугерира Котлер, многу канцеларии денес се наоѓаат надвор од градовите или имаат пријатен ентериер, со многу растенија и позадини кои имитираат природа.
Иако понекогаш е едноставно невозможно да одвоите време на работа за да се оттргнете од сето тоа и да се опуштите и да добиете инспирација, Котлер забележува дека затоа е важно редовно да поминувате време во природа. Затоа, следниот пат кога ќе почувствувате блокади, непродуктивност, натрупан стрес и неможност да размислувате креативно, прошетајте се во природа и изгубете се гледајќи во небото.
Прочитајте како да ја подобрите креативноста кога работите под притисок од крајни рокови.