Дали би забележале доколку среде реченица почне да ви зборува друга личност?
Секој од нас често влегува во куси, не многу значајни муабети со лица кои случајно ги среќава. Тие луѓе не ни остануваат во длабоко сеќавање, а не се ни трудиме да ги запомниме поради големата веројатност дека никогаш повеќе нема да ги видиме. Но дали нашата моќ за перцепција се намалува заради ова?
Познатиот блогер Стјуарт Еџ направил еден забавен експеримент во кој на случајни минувачки им почнува муабет кој незабележително го презема неговиот пријател (или обратно), откако на момент ќе успеат да им го одвлечат вниманието од себе. Целиот експеримент бил снимен, па тој го поставил видеото на својот Јутјуб-канал, каде што можеме да ги видиме реакциите. Изненадувачки е како некои луѓе не забележале со која личност зборувале.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.