Психологијата ни објаснува зошто музиката го подобрува сексот

Дали би требало да слушате музика додека имате секс?

Ова е едно од оние прашања кои постојат одамна, но на кое досега не можело да се даде соодветен одговор кој е поддржан со факти.

Изгледа дека на повеќето луѓе им е чудно да имаат пуштено музика во позадина додека имаат секс и никогаш не би ни помислиле дека тоа би можело да биде клучен дел од доживувањето. Други луѓе пак, отсекогаш сакале да пробаат, но веројатно во тој момент не наоѓаат време да го сторат тоа. Но, според неколку неодамнешни истражувања сите вие би требало да најдете време да пуштите музика пред да започнете со сексуалниот однос.

Психологијата ни објаснува зошто музиката го подобрува сексот

Музиката има безброј психолошки придобивки врз човековото тело, но таа исто така ви ги овозможува и потребните „алатки“ со цел да бидете најдобри во спалната соба. Истражувачите од Универзитетот Мекгил откриле дека слушањето музика ја зголемува продукцијата на допамини во нашиот мозок, која се зголемува и при јадење, спиење и секако, за време на секс.

Друга студија која била спроведена од истиот универзитет ни открива дека слушањето одреден вид стимулативна музика ги подобрува нашите знаци на возбуда, вклучувајќи го и отчукувањето на срцето, ритамот на дишење и спроводливоста на кожата. Вие можете да го максимизирате создавањето на допамин во вашиот систем така што ќе слушате музика додека имате секс. Ова важи и за другите големи активности кои предизвикуваат отпуштање на допамини во мозокот.

Друг вид студии, спроведени во 2000-та и 2006-та година ни покажуваат дека постои врска помеѓу слушањето музика и вежбањето. Овие студии откриле дека оние кои слушаат музика додека вежбаат помалку се уморуваат и поради тоа можат да вежбаат подолго време. Истражувачите откриле и дека слушањето музика може да ни го насочи вниманието кон одредена физичка активност, односно да ни го одвлече вниманието од оние сензации на неудобност кои се јавуваат со уморот од самото вежбање.

Но, како може ова да се поврзе со сексот? Како што сигурно добро знаете, сексот знае да изморува исто толку колку и вежбањето. Одличниот сексуален однос ве турка до вашите физички граници, ја тестира вашата издржливост и добро ве испотува. Токму затоа има логика да заклучиме дека музиката ги има истите ефекти и во овој вид физичка активност. Таа ќе направи да се чувствувате поенергично и ќе ви помогне да се фокусирате на движењата наместо на негативните мисли и чувства (умор, стрес…) кои би можеле да го намалат вашиот потенцијал во креветот.

Токму затоа психологот Даниел Малензифен спровел студија врз 2.000 луѓе од Велика Британија кои биле на возраст помеѓу 18 и 91 година и открил кои се нивните омилени песни за време на сексот. Следниве 10 песни биле најпопуларни во спалната соба:

  1. „She’s Like The Wind“ – Patrick Swayze
  2. „Sexual Healing“ – Marvin Gaye
  3. „Boléro“ – London Symphony Orchestra
  4. „Take My Breath Away” – Berlin
  5. „You See The Trouble With Me“ – Barry White
  6. „Let’s Get It On“ – Marvin Gaye
  7. „Unchained Melody“ – Righteous Brothers
  8. „My Heart Will Go On“ – Celine Dion
  9. „Je T’aime“ – Serge Gainsbourg
  10. „I Will Always Love You“ – Whitney Houston


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар