Дали би ги препознале овие животни без нивните крзна?
Сте помислиле ли некогаш како би изгледале зајакот или пингвинот без крзно? Би биле ли уште така слатки?
Погледнете ги овие интересни фотографии од животни без крзна или пердуви и пробајте да ги препознаете.
Зајак
Зајаците се голем исклучок. Неверојатно се слатки дури и без нивните крзна. Зајачето прикажано на сликите се родило без крзно, но во наредните три месеци крзното му пораснало.
Кенгур
На кенгурите не им расте крзно сè додека не се подготвени да ја напуштат безбедната торбичка на мама.
Сабрина, малечкиот кенгур на сликата долу, била напуштена од нејзината мајка па негувателите ја чуваат завиткана во ќебенце за да ѝ биде топло.
Шимпанзо
И шимпанзата, исто како и луѓето, може да страдаат од ќелавост. Никогаш не сте помислиле дека шимпанзата имаат толку мускули, нели? 🙂
Бабун
Бабуните сигурно не би ги препознале без крзно. Но, ќелавоста кај бабуните е поврзана со осаменост. Оваа женка е забележана како скита сама, напуштена од нејзината група.
Вомбат
Слично како кенгурите, вомбатите живеат во торбите на своите мајки до 7 месеци.
Вомбатот кој ве поздравува на сликата е Карман која во 2010 година била спасена откако нејзината мајка била прегазена. Од тогаш за неа се грижи прифатилиште за диви животни во Мелбурн.
Куче
Не грижете се, овие кучиња не страдаат од ќелавост, тие се природно такви. Перуанските ќелави кучиња се стара раса на домашни животни кои се одлични миленици за луѓе кои се подложни на алергии бидејќи немаат влакна.
Стаорец
Овие ќелави стаорци се резултат на комбинација на гени за научни цели.
Пингвин
Тие прекрасни црно-бели птици. Дали се толкави убавци и кога се „ќелави“?
Ова пингвин бебе е родено без пердуви и оставено од страна на неговото семејство. Некои тврдат дека неговата ќелавост е предизвикана од неухранетост. За среќа, по еден месец добра грижа, овој малечок пингвин се кренал на нозе и добил прекрасни пердуви.
Морско прасе
За сите мажи кои мислат дека ќелавоста создава одбивност кај жените, еве вистински пример дека тоа не е пречка кај вистинскиот шмекер. Овој вид морски прасиња се раѓаат без крзно, и имаат влакна само на нивните стапала и ноздри.
Верверица
Од друга страна, еве пример за најслаткото животно кое воопшто не е слатко без крзно. Ваквата појава е предизвикана од крлежи и разни паразити, и верувале или не, честа е кај верверичките.
Ракун
Поради красти и габични инфекции, ракуните може да го изгубат нивното скапоцено крзно.
Какаду
Ова е 35 годишниот Оскар кој останал без своите божествени пердуви по своја вина. Нему му бил дијагностициран чуден синдром – самиот си ги кубе пердувите бидејќи го иритираат.
Еж
А баш помисливте дека никогаш нема да имате прилика да видите како изгледа еж без боцки.
Ова е Бети и за неа се грижат негуватели од прифатилиште за животни. Таа не може да се врати во дивината без нејзиниот одбранбен механизам – боцките, а поради истата причина не може да си најде партнер. Па помислете пак пред да се жалите дека немате среќа во љубовта.
Мечка
Што е пострашно од мечка? Мечка без крзно!
Во Лајпциг, Германија, група женки поради чуден генетски недостаток, ненадејно ги изгубиле своите крзна. На сликата е Долорес, една од нив. Можно е да ја сонувате вечер и воопшто нема да биде убаво.
Ехидна
Никогаш не би помислиле дека под тие остри боцки се крие нешто толу слатко. Уште еден доказ дека не е сè како што изгледа.
Ехидната снесува само едно јајце и го чува 10 дена кога малечкото се изведува од јајцето. Бебето се раѓа без боцки и крзно.