Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без пари

Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без пари

Секојдневно имаме можност да видиме статии за луѓе кои оставиле сè зад себе со цел да го остварат својот сон и да патуваат ширум светот. Но, овој пат нештата се малку поразлични. Шанел Картел и Стиво Диринбергер, како и многу луѓе пред и по нив, одлучиле да ја напуштат својата стабилна работа и тргнат кон незаборавна авантура. Нивното патување можете да го следите на блогот „How Far From Home“, каде што има неверојати фотографии од прекрасни локации ширум светот.

(1) Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без пари

На прв поглед, тие делуваат како да го живеат сонот. Но, неодамна решиле да ја откријат и другата страна на приказната за која не читаме често. Шанел открила дека таа и Стиво морале да чистат тоалети со цел да соберат пари бидејќи нивната заштеда пресушила и тие останале шворц.

„Поминувајќи низ нашите објави на блогот и на Инстаграм, може да се добие впечаток дека лудо се забавуваме. Немојте да нè сфатите погрешно, ние навистина се забавуваме. Фантастично ни е. Но, не е сè сладолед и неверојатни пејзажи.“

(2) Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без пари

Тие на откриле дека понекогаш биле приморани да работат и нечисти и напорни работи.

„Мислам дека досега имаме исчистено 135 нечисти тоалети, имаме фрлено 250 килограми кравји измет, префрлено 2 тони камења, поставено 60 метри цемент, наместено 57 кревети, а не можам ни да избројам колку чаши имаме измиено. Од удобен и пријатен живот во Јоханесбург, ние сега чистиме тоалети.“

(3) Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без пари

Тие велат дека и покрај тоа што напорно ги заработуваат парите, понекогаш не можат да си го дозволат дури ни најосновното.

„Неодамна посетивме пријатели во Норвешка, па сакавме да им купиме пиво и бонбони, но можевме да си дозволиме само конец за заби. Нашиот буџет ни е многу ограничен и затоа мора да бидеме креативни со цел да ги надминеме нашите проблеми (а понекогаш и благиот напад на плач).“

(4) Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без пари

Тие објаснуваат и дека овој начин на живот почнал да им влијае врз нивното здравје.

„Не сум во најдобра физичка и здравствена состојба. Поголемиот дел од денот јадеме крекери и спиеме околу 5 часа, а често до доцна во ноќта ги влечеме нашите тешки торби барајќи сместување (бидејќи парите за превоз не ни се вклучени во буџетот).“

(5) Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без пари

Но, и покрај сè тие тврдат дека оваа авантура се исплати, бидејќи инаку не би можеле да го искусат она низ кое поминале.

„Ова е рај за нас. Да, понекогаш треба да се постават дрвја за огрев и да се изнесе ѓубрето, но откако ќе завршиме со тоа, ние сме слободни да правиме сè што сакаме, да лутаме и да бидеме насамо со своите мисли.“

(6) Дале отказ од работа за да го прошетаат светот и останале без пари

За крај, тие и многу научиле од ова нивно искуство…

„Не постои ништо што може да ве научи на понизност и колку е важно да се живее секој ден како да ви е последен од замената на работата од која заработувате многу пари со работа која вклучува чистење тоалет.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар