Даден одговорот на едно од најфрапантните прашања: Дали сексот влијае на среќата?
Активниот сексуален живот и честиот секс најмногу се поврзуваат со количината на среќа која луѓето ја чувствуваат, меѓутоа истражувањето спроведено на универзитетот во Питсбург покажало дека тоа не секогаш е така.
Научниците спровеле истражување во кое ја истражувале поврзаноста помеѓу среќата и сексот. Истражувањето траело три месеци и во него учествувале 28 личности кои биле во брак, на возраст од 35 до 65 години.
Учесниците биле поделени во две групи – на едната ѝ било речено да има нормални сексуални активности, а на другата ѝ рекле да дуплираат. За време на целото истражување, учесниците пополнувале различни анкети кои се однесувале на количеството среќа што го чувствуваат.
Резултатите на крајот од студијата биле неочекувани. Истражувањето покажало дека паровите кои морале да го засилат својот сексуален живот не биле толку среќни како што биле на почетокот од истражувањето. Фактички, зголемувањето на сексуалните односи не значи дека ќе чувствувате поголема или помала среќа. Исто така, тие откриле дека кај паровите кои морале да имаат повеќе секс се јавил дефицит на сексуална желба и уживање.
Џорџ Ловејштајн, водач на целокупното истражување рекол дека можно е резултатите да се такви затоа што на паровите буквално им било наредено да имаат повеќе секс, па тоа го одработувале како задача, а не затоа што го сакале. Еден од истражувачите, Тамар Кришнамурти вели дека студијата дошла до заклучок дека многу поважен е квалитетот отколку фреквентноста на сексот