Да се биде безнадежен романтичар е добро за секоја врска

Да се биде безнадежен романтичар е добро за секоја врска

Доколку вашето семејство и пријателите ви велат дека причината поради која сѐ уште сте сингл е затоа што се безнадежни романтичари, тогаш имаме одлични, научно поткрепени вести за вас. Според последното истражување објавено изминатиов месец во „Дневникот за социјални и персонални врски“, силната верба и високите очекувања за романсата се всушност добра работа.

Да се биде безнадежен романтичар е добро за секоја врска

Независно што ви велат другите, верувањето во романсата и/или нејзиното очекувањето нема да ги уништи вашите шанси да пронајдете партнер или да ве направи несреќни во вашата моментална врска. Според главниот истражувач, д-р Сара Ваниер, луѓето со високи романтични очекувања имаат поголема веројатност да ги гледаат нивните партнери како идеални личности кои ги исполнуваат тие нивни очекувања.

„Тешко е да се каже дали е тоа така бидејќи романтичарите ги гледаат нивните партнери низ розови очила, на пример нивните верувања и идеи ги прават да мислат дека нивниот моментален партнер е всушност принцот на бел коњ, дури и ако другите луѓе мислат дека тој е жаба или бидејќи навистина го нашле партнерот кој ги исполнува нивните очекувања“ , вели д-р Ваниер.

Независно дали сте личност која ја гледа чашата полуполна или полупразна, не бидете толку строги кон себе и правете ги работите на свој начин. Вие сепак ќе ја пронајдете вашата сродна душа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар