Д-р Вејн Дајер: Една од оние мудрости кои го менуваат животот

Д-р Вејн Дајер: Една од оние мудрости кои го менуваат животот

Еден од најпознатите автори, животниот водич и психолог, д-р Вејн Дајер, споделува една кратка, но многу ефективна приказна која во себе носи мудрост што може да го смени начинот на кој гледаме на себе и својот живот.

(1) Д-р Вејн Дајер: Една од оние мудрости кои го менуваат животот

Тој раскажува дека еден ден, подготвувајќи се за говор на конференција, одлучил да земе со себе еден портокал, како реквизит за неговото предавање. Набрзо по почетокот на говорот, д-р Дајер започнал разговор со едно момче во првиот ред.

Ако го стиснам овој портокал колку што можам најсилно, што ќе излезе од него?“ – го прашал момчето.

Младиот човек го погледнал малку чудно и одговорил: „Сок, секако“.

Мислиш дека од него ќе излезе сок од јаболко?“ – продолжил докторот.

Не“, се насмеало момчето.

Можеби сок од грејпфрут?“

Не!“, бил гласен младиот човек.

Па тогаш, што ќе излезе од неа?“ – бил упорен д-р Вејн.

Сок од портокал, се разбира“, одговорил самоуверено младиот човек од првиот ред.

Зошто? Зошто кога ќе стиснеш портокал, излегува сок од портокал?

Веројатно малку изнервиран од прашањата, човекот отсечно одговорил:

Па, тоа е портокал и сокот од портокал е тоа што се крие внатре“.

Доктор Вејн тогаш дошол до посакуваниот момент.

Ајде да претпоставиме дека овој портокал не е портокал, туку дека тоа си ти. И. Некој те стиска, врши притисок врз тебе, ти кажува нешто што не сакаш да слушнеш, те навредува. Тогаш од тебе излегува бес, омраза, горчина, страв. Зошто? Тоа е така, како што ни одговори нашиот млад пријател, затоа што сето тоа се наоѓа во нас“.

Ова е една од најголемите лекции во животот. Што излегува од вас кога животот ќе ве стисне? Кога некој ќе ве повреди или ве навредува? Ако од вас излегуваат бес, болка и страв, тоа е така затоа што тоа се наоѓа во вас. Не е важно кој ве стиска – вашата мајка, брат, децата, шефот или државата.

Ако некој каже за вас нешто што не ви се допаѓа, тоа што излегува од вас е тоа што се наоѓа во вас. А, тоа што се наоѓа во вас зависи само од вас, тоа е ваш избор.

„Ти благодарам пријателе, а сега еве ти еден портокал“, рекол на крајот д-р Вејн.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар